Saturday, October 15, 2011

ЕУтутките претераа

Во врска со извештајот на т.н. Европска Унија за напредокот на Македонија која што тие ја навредуваат ословувајќи ја не со нејзиното уставно име туку со референцата и во којшто придавката "македонски" е "случајно" изоставена, предлагам Владата на Македонија доколку нема политичка храброст да им го врати истиот извештај назад на вообразените ЕУтутки барем:

- Да ги отстрани сите знамиња на ЕУ од државните институции (Собрание, Влада...). Што ќе ти е знаме од Унија која не ти го признава името, јазикот и народот?

- Наместо Македонците да се трујат од пропагандната самобендисана машинерија на ЕУ за тоа колку се тие културни, фини и умни, Владата на Македонија да почне со медиумска кампања за што тоа навистина претставува ЕУ и што ќе добиеме, а што ќе изгубиме со влезот во речиси банкротираната ЕУ.

- Собранието да изгласа декларација со која се осудува негирањето и изоставувањето на придавката "македонски" кога се работи за нашата земја и/или осуда за сите оние кои наместо нашето уставно име ја користат привремената референца.

No comments: