Monday, October 03, 2011

Скандалозни и противзаконски навреди на Македонците

Сандалозна песна на Sokol AKA Probljemi со наслов Тргни се од Кале во која се повикува на национална и верска омраза, раздор и нетрпеливост преку стиховите:

"Тргни се од Кале да не ти е.ам се! Тука нема цркви има џамии еј! Вие сте кучиња...Ајде сега ќути, пи.да ти матер цркни! Умрете Македонци на Кале нема цркви..."

Ваквото поттикнување на верска и национална омраза јасно е забранета со Кривичниот законик на Република Македонија (Службен весник на РМ 37/96) Член 319 (1):

Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Ваквите повици се забранети и од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (19 декември 1966 год.) Член 20:

(2) Секое пристапување кон национална, расна или верска омраза, што претставува поттикнување на дискриминација, непријателство или насилство, е забрането со закон.

Со песнава се исмејува и македонскиот народ преку споредувањето со куче, пе.ер и др. што исто така е казниво дело (со казна затвор од три месеци до три години) според Кривичниот законик на Република Македонија член 179:

Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и националностите, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Освен поттикнување кон верска и национална нетрпеливост и раздор со песната се навредува и знамето на Република Македонија:

Да ти е.ам знамето со бојана жолта, што личи на го.на, све ѓубре и точка.

И ова е казниво според Кривичниот законик на Република Македонија, член 178:

Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Во песната се врши закана за тероризам:

"Само збори нешто калаш ќе ти бори...Со еден куршум мртви комити."

а ова е казниво според член 313 од Кривичниот законик:

Тој којшто со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејство или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку три години.

Во песната исто така се врши кривично дел од кривичниот законик и забрането од Устав (член 20) за воена пропаганда, забрана за движење и закани со убиства и војна и др.

Се повикуваат судските власти и македонското министерство за внатрешни работи да реагираат!

1 comment:

MakedonKata Makedon said...

Pred sekoja reakcija treba da se ispita cija e krivicnata akcija, dali ne doaga od sdsm "borci" za osvojuvane na vlasta, sto se zakanija deka ke storat se za da ja rusat denesnata Makedonska Vlada.
Ne zaboravajte, drzavna nesigurnist doaga od domasnite pakosnici.
MakedonKata Makedon
Streda 5 Oktomvri 2011 godina