Велат дека Македонците страдаат од предавниците, дека на тројца Македонци еден е предавник. Предавството го нарекуваат македонски синдром од кој што патиме со векови. Во најново време актуелно е етикетирањето на неистомислениците како предавници и поделбата на народот на предавници и патриоти.
Ако домашните предавници и предавството низ македонската историја се негативен синдром од кој што треба да се отарасиме еднаш засекогаш, тогаш исто таков негативен синдром кој што треба да се искорени и кој што негативно влијае врз единството на македонската нација е и поделбата на луѓето на предавници и патриоти и етикетирањето на неистомислениците како предавници.
Од каде произлегува потребата некој да се омаловажи со тоа што ќе се нарече предавник?
Опрадувањето е дека со тоа се обезхрабруваат другите да извршат предавство. Нешто слично како стравопочитта која што нè тера на добро затоа што лошите дела се патот кон пеколот. И сево ова изгледа како добра работа затоа што претпоставува намалување на предавствата поради можноста да се навлече гневот на другите и да се заработи етикетата предавник.
Но треба да имаме предвид дека тоа прогласување на предавници не секогаш односно речиси никогаш не се заснова на факти. Секој може да најде предавник во другиот и без за тоа да има поткрепа. Денес ти ќе наоѓаш предавници, а утре тебе некој ќе те прогласи за предавник без оглед на тоа што не си. Во ова модерно време недозволиво е секој да си зема за право да биде судија на другите.
Кои се луѓето кои што пронаоѓаат предавници и ја играат улогата на инквизитори во овој модерен лов на вештерки? Со два збора: нереализираните херои.
Во недостаток на идеја како да се биде херој, wannabe хероите својата величина единствено можат да ја покажат со тоа што своите неистомисленици ќе ги понижат и етикетираат како предавници. Кога другите ќе ги омаловажат со зборот предавници, тие автоматски во однос на нив стануваат поголеми. Но тоа е релативно и субјективно додека пак по апсолутни и објективни критериуми засекогаш ќе си останат мали.
Доколку херојот е херој наместо да плаче и лелека од неправдите што му ги нанеле етикетираните од него „предавници“ тој ќе застане во одбрана на неговиот идеал за кој што верува дека е единствен правилен што се однесува до патриотизмот и ќе се избори против „злодела“ кои ги нанеле етикетираните од него „предавници“.
Но кога човек сака да биде херој, но е импотентен и фрустриран од неговата немоќ, ќе пронаоѓа предавници и ќе измислува внатрешни непријатели. На тој начин таа негова фрустрација тој ќе ја лекува, а за да не ги признае неговите психички проблеми, таа негова групна психотерапија ќе ја затскрива зад маската на патриотизмот.
Предавници и херои (патриоти) - приказна за мали деца која нанаесе и сè уште нанесува огромна штета на македонското единство. Модерна појава при којшто нереализираните јунаци како оправдување за тоа што не се ги анатемисуваат другите како предавници. Секој оној кој што сака да биде херој наместо да пронаоѓа предавници, нека се труди да стане херој, затоа што пронаоѓањето на предавници и ловот на вештерки од никого не направило херој.

No comments:
Post a Comment