Според одредени информации коишто стигнаа до нас, од денес па до 30 сепетември во работна посета на Македонија ќе престојува екипа на SEEMO - South East Europe Media Organisation ( info(at)seemo.org ), на чело со Мирјана Томиќ ( tomic(at)seemo.org ) со цел да ја утврди состојбата со слободата на медуимите (SEEMO Press Freedom Mission to Macedonia).
Конечно некои ќе можат лажно да ја оцрнуваат Македонија како алиби за својот неуспех и без да патуваат надвор од нејзините граници. Затоа упатувам апел кон Вас чесните и одговорни македонски новинари кои знаете дека никогаш не сте биле замолчувани и знаете дека слободата на медиумите во Македонија е факт; упатувам апел до Вас блогерите кои ја критикувате и опозицијата но и власта и знаете дека поради тоа сте немале никакви последици; упатувам апел до вас форумските администратори, модератори или членови кои никогаш досега не сте биле цел на закани и уцени поради ставовите кои ги изнесувате, преку порака до госпоѓава и/или до организацијата да ги известите за ова како реално би оцениле дали во Македонија постои замолчување на говорот и медиумите или пак тоа е само обид да се наштети на земјава поради нечии тесногради интереси.

No comments:
Post a Comment