На почетокот на минатиот век под управа на Британската Империја е една петина од целокупната територија на земјиното копно со над 400 милиони поданици. Еден век подоцна, не само што таа територија сериозно е намалена туку и британскиот премиер во тоа време Тони Блер беше нарекуван верно куче на Џорџ Буш, а истата онаа Велика Британија под чија што управа во 18 век беа колониите што подоцна ќе се прогласат за независни Соединети Американски Држави и со коишто истата Британија војува од 1775 до 1781 година, беше споредувана со земја американски привезок поради неодобреното од јавноста сојузништво со САД во таканаречената војна против тероризмот и војната во Ирак.
На почетокот на минатиот век Кина била земја со безброј внатрешни поделби, цел на американски, јапонски и европски влијанија. Боксерско востание од 1900 година резултирало со влез на меѓународни воени сили на кинеска територија, изградба на нивни бази во повеќе кинески стратешки региони, понижувачко јавно извинување за штетите нанесени на странските амбасади, прифаќање да се казнат речиси 100 високи кинески државни функционери, исплата во злато на високи репарации кон засегнатите странски земји. За разлика од тогаш денес Кина е втората најголема економија во светот, земја која има свој удел во спасувањето на Грција од должничката криза, купува американски обврзници, а според некои анализи се очекува за помалку од 20 години да ја измести САД како најголема економија во светот.
Што сака авторот да каже со оваа историска лекција? Сака да каже дека погрешно е гаењето на илузии дека крајна цел на Македонија е да влезе во елитистичките клубови наречени ЕУ и НАТО и дека после тоа не чека вечност во мед млеко. Крајот никогаш не доаѓа, а тркалото постојано се врти. Неминовно ќе дојде денот кога тие вештачки творби нема повеќе да бидат толку елитистички исто како што денес Британската Империја не е толку моќна како некогаш и исто како што Македонците и Турците веќе не се најлути душмани туку стратешки партнери.
Модата си е мода, ама за минливи работи како ЕУ и НАТО не вреди засекогаш да си го смениме името и да си го продадеме идентитетот.

1 comment:
Секоја чест
Post a Comment