Меѓу повеќето Македонци има омраза кон времената спогодба. Причината е дека со спогодбата Македонија се откажа од претходното знаме и се согласи на прием во ООН под привремена референца. Дури и кога Македонија врз основа на таа времена спогодба поднесе тужба против Грција во меѓународниот суд на правдата во Хаг некои Македонци на тоа гледаа како негативност односно бараа секакво оградување од времената спогодба.
Некои од точките во времената спогодба сами по себе се единствено на наша штета (како на пример прашањето со знамето), но некои се избалансирани. Да појаснам: времената спогодба за нас е и како нож со две острила. Можеме и да се исечеме ако не знаеме да го користиме но и да го исечеме противникот ако сме доволно вешти.
Имам пишувано за барањата на официјална Грција за бришење на шеснаесеткраките сонца (т.н. Сонце од Кутлеш) од скулптурите лавови поставени на камениот мост. Македонија на тие барања одговори со бришење на тие сонца (и на нивно место гравирање на други со 8 краци).
Ајде да видиме во кој дел од времената спогодба и како употребата на симболите е регулирана:
Артикл 7
Како што гледате овде не пишува дека ако Македонија користи некој симбол кој Грција го смета за нејзин може да реагира. Она што го пишува е дека било која од двете страни може да реагира доколку смета дека спротивната страна користи нивни симболи. Што значи ова? Ова значи дека и Македонија има полно право да реагира за тоа дека Грција го користи шеснаесеткракото сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) како знаме на регионот Македонија, како дел од амблем на некои воени единици, како симбол аплициран на некои од спомениците...
Дел од аргументите со кои можеме да се служиме ги има наведено овде
Понекогаш нападот е најдобра одбрана, а за да запрат ваквите барања од страна на Грција за бришење на т.н. Сонце од Кутлеш треба и ние да покажеме заби и да им ставиме до знаење дека војната може да се пренесе и на нивен терен.
Не знам дали луѓето од владата ова го знаат, но не би било лошо да им се пише.

3. If either Party believes one or more symbols constituting part of its historic or cultural patrimony is being used by the other Party, it shall bring such alleged use to the attention of the other Party, and the other Party shall take appropriate corrective action or indicate why it does not consider it necessary to do so.
Како што гледате овде не пишува дека ако Македонија користи некој симбол кој Грција го смета за нејзин може да реагира. Она што го пишува е дека било која од двете страни може да реагира доколку смета дека спротивната страна користи нивни симболи. Што значи ова? Ова значи дека и Македонија има полно право да реагира за тоа дека Грција го користи шеснаесеткракото сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) како знаме на регионот Македонија, како дел од амблем на некои воени единици, како симбол аплициран на некои од спомениците...
Дел од аргументите со кои можеме да се служиме ги има наведено овде
Понекогаш нападот е најдобра одбрана, а за да запрат ваквите барања од страна на Грција за бришење на т.н. Сонце од Кутлеш треба и ние да покажеме заби и да им ставиме до знаење дека војната може да се пренесе и на нивен терен.
Не знам дали луѓето од владата ова го знаат, но не би било лошо да им се пише.
No comments:
Post a Comment