Friday, August 05, 2011

Петиција Animal Police

Во овој блогпост би сакал да ја изразам мојата подршка за петицијата "итно формирање на animal police во Македонија". Засега има собрано 22.4 % од зацртаните 10 000 потписи. Доколку и вие сакате повеќе права и подобри услови за животните потпишете се.

ГРУПА ГРАЃАНИ

Ние, долупотпишаната група граѓани го бараме од Собранието на Република Македонија следново:

ИТНО ДА СЕ ФОРМИРА "ANIMAL POLICE" ВО МАКЕДОНИЈА, чија мисија би била обезбедување и осигурување на здравствени услови, безбедност и благосостојба на луѓето и животните во нашата заедница. Мисијата ќе се оствари преку соработка со нашите граѓан/и-ки и други организации за заштита и благосостојба на животните, преку спроведување на сите законски одредби, имплеметирање на образовна програма на одредени целни групи од популацијата (деца, млади, возрасни граѓан/и-ки), преку хумано згрижување на животните, обезбедување храна за истите и овозможување на сигурно, безбедно опкружување за престој на отфрлените, злоставуваните и напуштените животни. “ANIMAL POLICE” истотака треба да ја спроведува кампањата за подигање на свеста на јавноста и граѓаните за одговорноста на власниците на домашни миленици, бескомпромисно и детално да ги истражува, решава и спречува сите случаи на злосторство над животните. Да пронаоѓа домови за напуштените животни и да се заложува за востонавување на целосен хуман однос кон животните во секој смисол и пора од општеството !

1. Да се воведе одредба за добробитта на животните во Уставот на Република Македонија. ПРЕДЛОГ–ОДРЕДБА : „Животните имаат право на живот во согласност со својот вид и законот.“ Да се изменат членовите од постоечкиот Кривичен Закон:
(1) Оној што ќе убие, повреди или мачи животно кршејќи ги прописите, ќе се казни со парична казна или со затвор до 6 месеци.
(2) Ако по делото од став 1. Од овој член дошло до убивање, маќење или повредување на поголем број животни, или, пак, делото е сторено во однос на животно што им припаѓа на заштитени животински видови, сторителот ќе се казни со парична казна или казна затвор до 3 (три) години.

Со следново:
(1) Оној , којшто кршејќи ги прописите на жиовотното ќе му нанесе полесни телесни повреди или го мачи животното, ќе се казни со парична казна во износ од 30 000 денари и 150 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижените животни.)
(2) Оној , што кршејќи ги прописите на животното ќе му нанесе тешки телесни повреди, ќе се казни со парична казна во износ од 60 000 денари и со затвор од 6(шест) месеци до 2(две) години и 300 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижени животни.)
(3) Ако од делото од став 2. на овој член дошло до убивање или повреда на поголем број животни или, пак, делото е сторено во однос на животното коишто му припаѓа на посебно заштитени животиснки видови, ќе се казни со парична казна во износ од 120 000 денари и затвор од 1(една) до 5 (пет) години и 500 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижени животни.)

3. Со посебен Закон да се регулира основањето на СЛУЖБАТА ЗА ЗАШТИТА И КОНТРОЛА НА ЖИВОТНИТЕ-"ANIMAL POLICE" ( во натамошниот текст „СЛУЖБА“ ), овластувањата и надлежноста на оваа служба.

4. Во законот споменат во став 4 да бидат и следниве членови:
1.) Им се наложува на властите од сите градови во Република Македонија, да основаат азили- засолништа за незгрижените животни коишто ќе функционираат исклучиво врз основа на принципот "NO KILL".
2.) Овие азили мораат да имаат ветеринарна служба за згрижување и нега на животните.
3.) Во рамките на азилот-засолништетот од член 1. мора да има адекватни простории за сместување на припадниците на Службата.
4.) Единствено припадниците на СЛУЖБАТА имаат овластување и воедно се обврзани, во соработка со припадниците на Ветеринарната инспекција и со задолжителен минимум од 2 представници на друштвата за заштита на животните да организираат хумано заловување на животните-скитници и нивно згрижување во азилите се до нивното посвојување.
5.) Сите животни што ќе влезат во програмата за згрижување, мора да бидат чипувани и евидентирани пред посвојувањето, со постојана и беспрекорна ветеринарна грижа и нега.
6.) Возилата на припадниците на Службата ќе ги набави република Македонија по пат на посебно распишан тендер, исто така ќе организира нивно опремување за да одговараат на намената (хуман превоз на животните).
7.) Припадникот на Службата има овластување да побара итно излегување на лице место на Ветеринарните инспектори и припадниците на МВР во случај на потреба од интервенција по основ на овластувањата на овие лица.
8.) Сите средства собрани од наплатата на казните според одредбите од „законот за добробитта на животните“ според членовите од Кривичниот Закон на РМ, ќе се користат исклучиво за финансирање на Службата.
9.) Секое полнолетно и малолетно лице со писмено одобрение од родителите, може да волонтира во азилите на Службата, во согласност со својата возраст и способности.

5. Во „Законот за добробит на животните“ со посебна уредба да се внесат и членовите со следнава содржина:
1) Лицето што го напуштило животното за коешто се грижело, ќе плати казна од 15 000 денари и ќе ги сноси трошоците на лекување и исхрана на животното до неговото посвојување (или природна смрт).
2) Лицето коешто повеќе не сака да го чува животното за коешто се грижело, може, споменатото животно да го предаде на азилот на службата под услов да ги плати трошоците на исхрана на споменатото животно за 1 (една) година.

FB страна за иницијативата - врска

No comments: