Објавено во Нова Македонија од Фросина Димеска:
Блогот www.i-macedonian.blogspot.com редовно реагира до странските влади, кои спротивно од меѓудржавните договори ја користат привремената референца. И доста ефикасно го прави тоа
Како е да се биде вистински интернет-Македонец
Анонимни, ангажирани, брзи во реакцијата и ефикасни во постигнувањата. Дејствуваат како вистинска интернет-герила. Здружени во мотото „Како е да се биде вистински интернет-Македонец“ со години реагираат на секоја фиромизација на државата на официјалната меѓународна сцена, упатуваат протестни ноти до државните и до меѓународните институции и бараат користење на уставното име на Македонија.
Луѓето што го одржуваат блогот њњњ. и-мацедониан.блогспот.цом, всушност, се вистинска супкултурна група, која многу ефикасно ја коригира работата на официјалното Министерство за надворешни работи, кое неретко заборава да упати протестна нота при несоодветното именување на државава.
На блогерската герила тоа досега не и се случило. Нивната најнова активност е преписката со Грузија, која минатата недела објави дека сака да биде именувана како Џорџија. „Џорџија за Грузија, Македонија за ФИРОМ“, порачаа бранителите на името на Интернет.
„Како очекувате Македонците да го прифатат вашето барање кога вие не го почитувате името на нивната земја Македонија“. Ова директно обраќање до грузиското министерство за надворешни работи не е дел од кореспонденцијата на македонските дипломати до која случајно дошла редакцијата на „Нова Македонија“. Овие зборови може да се најдат на блогот www.i-macedonian.blogspot.com Македонските блогери одлучиле да реагираат брзо откако владата во Тбилиси побара наместо со Грузија во официјалната кореспонденција да и се обраќаат со името Џорџија.
Додека Грузијците биле исфрустрирани од руското влијание врз името на нивната земја, па затоа сакаат да ја исфорсираат англиската варијанта Џорџија, Македонците се исфрустрирани од проблемот стар речиси две децении и од грчкото барање да се употребува привремената референца.
Македонските блогери, кои забележале дека официјален Тбилиси во комуникацијата со земјава го користи терминот Поранешна југословенска република Македонија, до тамошните власти испратиле конкретно барање: прво тие да се изјаснат дека го почитуваат името на нашата земја - Македонија.
„Името на земјата во која живеам не е поранешна југословенска Република Македонија. Тоа не е меѓународно признаено име и тоа воопшто не е име, туку привремена референца што се користи во ОН. Кога вашата влада ќе почне да го користи уставното име Македонија, можеби тогаш Македонците ќе се согласат со вашето барање да го употребуваат Џорџија наместо Грузија како име на земјата“, пишуваат блогерите.
Ова е најновата акција на македонската интернет-заедница. која стои зад блогот www.i-macedonian.blogspot.com и која сама својата страница ја дефинира како „блог за збиднувањата во и околу Република Македонија, за притисоците и за негирањето на нашиот идентитет и за тоа како е да се биде вистински интернет-Македонец“.
Успех со словенечките институции
Во претходните иницијативи блогерите имаат постигнато и конкретни резултати. Дел од акцијата, за како што ја нарекуваат, дефиромизација на интернет-страниците, минативе месеци беше насочена кон Србија и Словенија, кои како што забележале блогерите, иако нé имаат признаено под уставното име во некои случаи го користат привременото име поранешна југословенска Република Македонија.
„На повеќе сајтови на владата на Република Србија нашата земја Република Македонија, наместо со уставното име, неправилно е именувана со акронимот од привремената референца и со привремената референца“, информираат блогерите на 20 минатиот месецов при што ги наведуваат интернет-страниците на кои забележале такви грешки. Затоа бараат да се реагира до неколку институции на северниот сосед, со потсетувањето дека Белград го има признаено уставното име на државава.
Претходно, слична акција спровеле и со словенечките владини институции. Писмата што на англиски освен до словенечките институции и амбасадата во Македонија се испратени и до македонските надлежни власти дале и резултат. Неколку дена подоцна блогерите објавуваат:
„По иницијативата за дефиромизирање на словенечките владини страни вчера добивме известување дека грешките на страната на словенечката царина се исправени и дека отсега па натаму нашата земја нема да биде нарекувана со привремената референца, туку со нејзиното вистинско име - Македонија“, пишува на блогот.
Тие се фалат со уште една добиена битка со Словенците.
„За помалку од 24 часа њњњ.слоеџпорт.си (база на податоци на словенечките извозници), страницата кон која што упативме апел да ја избришат привремената референца и на нејзино место да го напишат нашето уставно име, го стори тоа“, се фалат блогерите.
За проблемот со словенечките институции блогерите го контактирале и македонското Министерство за надворешни работи каде што испратиле цел список на институции, кои спротивно од меѓудржавниот договор ја употребувале привремената референца. Од МНР велат дека потоа тие и дале инструкции и на македонската амбасада во Љубљана да реагира.
- Запознаени сме со нивната работа и од нив многу често добиваме информации за неправилната употреба на името. Целосно ги поддржуваме во она што го работат - велат од МНР, одговарајќи на прашањето дали се информирани за активностите на блогерите и додека тие функционираат како македонско виртуелно министерство за надворешни работи и, во некои случаи, можеби дури ја вршат и работата на оние што се платени за тоа, од МНР објаснуваат дека за ловење на грешките на другите држави сé уште функционираат по стариот принцип - давајќи им на амбасадите задача да внимаваат.
- Една од обврските на сите македонски амбасади е да ја следат правилната употреба на името или референцата и во согласност со правилата и договореното да нé информираат и да реагираат - велат од МНР.
Блогерите бараат дефиромизација и од подалечните земји
Дека блогерите не се сконцентрирани само на тоа како ни се обраќаат земјите од регионов покажуваат и двете акции спроведени неодамна, едната со испраќање писма до израелските надлежни институции, другата до германските.
Блискоисточната земја иако нé нема официјално признаено под уставното име во билатералните односи најчесто ни се обраќа со Република Македонија. Затоа, блогерите биле изреволтирани од тоа што на интернет-страницата на израелското министерство за надворешни работи, земјата била напишана под акронимот произлезен од привремената референца и тоа, како што пребројале, дури на две места.
„Имајќи ги предвид добрите односи меѓу двете земји, повеќе пати повтореното тврдење на македонската влада дека Израел ја признава Македонија под уставно име, како и тоа дека на едно место на сајтот на Министерството за надворешни работи нашата земја е заведена под уставното име, имаме сомнеж дека не се работи за официјален став на Израел, туку за техничка грешка. Како и да е, дилемата останува и наша должност е да реагираме“, пишува на блогот на кој потоа ја ажурираат информацијата, додавајќи дека и по една седмица нема реакција од израелските власти. Поради тоа, одлучиле да реагираат и до други инстанци како еврејските заедници во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Но блогерите не реагираат само до тие што веќе нé признале па грешат, туку лобираат и за нови признавања. Освен од германските институции, интернет-заедницата бара поддршка и од македонската заедница, која живее таму и од македонските православни цркви официјален Берлин да го признае уставното име на земјава.
„Како што знаете Сојузна Република Германија е една од ретките европски земји што сé уште нé нема признаено под нашето уставно и вековно име и ја именува нашата земја со привремената референца. Сметаме дека со евентуалното признавањето под уставното име на Република Македонија од страна на Германија, Белгија и на Франција успешно ќе се стави крај на спорот со името што ни го наметнаа Грците“, сметаат активистите.
Писмо со забелешки, потпишано од „граѓаните на Република Македонија“, како што вообичаено се претставуваат овие виртуелни македонски дипломати, добил и лично претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
„Баросо, кажи Македонија“ преку две протестни електронски пораки му порачале блогерите на високиот европски политичар, акција од која досега е јасно дека нема некаков резултат.
Причината за ваквиот револт, како што пишуваат е прекрстувањето на Македонија во вашата земја.
Но и домашните политичари ја имаат почувствувано лутината на овие луѓе. Еден од нив е претседателот Ѓорге Иванов, кој ги изреволтирал откако кажал дека Република Македонија (Скопје) е решение за кое може да се размисли.
„Вие не сте на позицијата претседател на Република Македонија за да нé убедувате нас, граѓаните, што е добро, а што не е добро за нас. Вистинската демократија бара Вие да го слушате и да го почитувате гласот на граѓаните, а не да ни наметнувате решенија. Вие сте на позицијата претседател затоа што ние граѓаните сме Ве поставиле таму, а верувајќи Ви на зборовите дека ќе се залагате за непроменливост на уставното и вистинско име на нашата татковина. Немојте да нé разочарувате и да отстапувате од Вашите предизборни ветувања“, пишуваат овие блог-активисти.
Автор: Фросина Димеска (Нова Македонија)

Акции на блогерите
- реакции за употребата на референцата ПЈРМ од словенечките владини институции
- реакции за употребата на референцата ПЈРМ од некои српски институции
- барање до германските владини институции да нé признаат под уставното име
- писма до израелските владини институции да не го користат акронимот ПЈРМ
- писмо до владата на Грузија со барање да ни се обраќаат со уставното име
- протестно писмо до претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за употребата на терминот вашата земја
- писмо до претседателот Ѓорге Иванов со потсетување дека нема мандат да го менува името
Автор: Фросина Димеска (Нова Македонија)
No comments:
Post a Comment