Tuesday, June 07, 2011

Фиромизирање на наши студенти во Србија

Имаме информации дека српски факултети на наши сограѓани кои дипломирале таму годинава им издале дипломи во коишто како место на раѓање наместо уставното - Република Македонија, стои привремената референца.

Како потврда на ова погледнете ја фотографијата на диплома лево (во која заради зачувување на приватноста на нејзиниот сопственик некои делови се прикриени).

Имајќи предвид дека Република Србија ја признава нашата земја под уставно име и имајќи предвид дека пред околу една година државниот врв на Република Србија после гафовите на еден српски министер потенцираше дека официјална Србија го нема променето ставот во врска со името односно дека ја признава Република Македонија под уставно име, пративме информативно писмо до македонската амбасада во Србија и до друштвaтa на Македонците во Србија со молба да реагираат во врска со ова.

Доколку и вие имате некаков сличен или ист проблем со фиромизирање од страна на српски инсититуции известете ги, односно побарајте од нив помош, на адресите долу (за овој случај нема потреба, веќе се известени):

Амбасада на Република Македонија во Република Србија
belgrade@mfa.gov.mk или врска

Национален Совет на Македонците во Република Србија
borce_borce1@yahoo.com - Претседател Борче Величковски
blagoja@hotmail.rs - Потпретседател Благоје Илијевски
nsmakedonaca@open.telekom.rs - Секретар Славица Секулиќ
zoranmelev@sbb.rs - правна помош Зоран Мелев
sonja.mkprevod@gmail.com - правна помош Соња Мишчевић
lazarstosic@yahoo.com - образование Лазар Стошиќ
liljana.lazareska@yahoo.com - образование Лилјана Лазареска

Друштво на Македонците од пчињскиот округ Гоце Делчев - Врање
risteskipeco@yahoo.com (секретар) или врска

Здружение на граѓани на македонска заедница Ќирило и Методије - Нови Сад
udruzenjekm@open.telekom.rs или врска

Здружение на граѓани на македонска заедница Даме Груев - Рудник
rupres@gmail.com или врска

Здружение на Македонци од јужнобанатскиот округ Вардар - Качарево
info@vardar.org.rs (info@vardar.org.yu)

Исто така сакаме да упатиме апел до македонските студенти во Србија самите да ја преземат иницијативата и да се изборат за своите права односно во нивните дипломи да стои уставното име на земјата од којашто доаѓаат - Република Македонија.

Аргументите со кои може да се послужат се:

1. Република Србија официјално ја признава Република Македонија под уставно име.

2. Привремената референца според резолуцијата 817 е да се користи само во Обединетите Нации.

3. Дипломата е документ во сопственост и којшто ќе служи на оној чиешто име стои на дипломата и затоа факултетот е должен да се сообрази со неговите барања.

4. Ваквата политика на фиромизирање од страна на српските факултети ќе им донесе помал број на студенти од Македонија што секако не е во нивен интерес.

Во исто време и ги советуваме:

1. Како прво да реагираат до вработетените во Универзитетот одговорни за дипломите и кај нивните претпоставени. Нивните барања да се усогласени и да настапуваат здружено и координирано како полесно би ги оствариле нивните права.

2. Подршка можат да побараат од македонската амбасада во Србија. Како што спомнав амбасадата за овој случај беше известена и од неа веднаш изразија спремност за било каква помош доколку тоа од неа го побараат засегнатите студенти, граѓани на Република Македонија кои како што напоменаа од Амбасадата имаат право да реагираат кај Универзитетот за ваквите случаи.

3. Подршка можат да побараат и од друштвата на Македонците во Србија (адресите горе) и од македонските студентски друштва.

4. Доколку горенаведеното не вроди со посакуван резултат подршка во вид на петиција или протестни писма може да побараат и од нивните колеги, професори и пријатели Срби.

No comments: