Tuesday, June 28, 2011

Израел не ФИРОМизира?

UPDATE - ИНИЦИЈАТИВАТА Е УСПЕШНО ЗАВРШЕНА. НЕ ПРАЌАЈТЕ ПОРАКИ!

На страната на израелското министерство за надворешни работи нашата татковина е заведена под акронимот од привремената референца и тоа на две места - врска

Имајќи ги предвид добрите односи меѓу двете земји, повеќе пати повтореното тврдење на македонската Влада дека Израел ја признава Македонија под уставно име, како и тоа дека на едно место на сајтот на министерството за надворешни работи нашата земја е заведена под уставното име (врска) имаме сомнеж дека не се работи за официјален став на Израел туку за техничка грешка. Како и да е дилемата останува и наша должност е да реагираме.

По овој повод беше испратено протестно писмо до Министерството за надворешни работи на Израел и за кратко време бевме известени дека ќе се препорати до соодветниот сектор. Иако од тогаш па до сега помина повеќе од една седмица, сепак називот за нашата татковина остана ист. Поради ова испратени се и писма до:

Еврејската заедница во Република Македонија - врска
contact@ezrm.org.mk

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија - Веб страна, FB страна
info@holocaustfund.org.mk

Еврејска заедница - општина Битола - FB страна

Апелирам и до вас читателите на овој блог повеќе да се ангажирате во врска со ова, во спротивно тврдењето дека над 130 земји не признаваат под уставно име ќе е тврдење на стаклени нозе.

1 comment:

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=qO6obL6z0M0

http://www.youtube.com/watch?v=9HE2lKuX3Oo