Непосредно по последните избори сведоци бевме дека на Нетот се вртеше слика на гласачко ливче на кое гласачот допишал дека гласа за Чак Норис. Конкретниот случај можеби и беше само духовита фотомонтажа, но сепак поради такви слични случаи добивме негативни забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР:
Би сакал да ставам до знаење дека фотографирањето на гласачкото ливче е забрането со закон:
Член 56
Причината за забрана за фотографирање на избирачкото ливче е со цел заштита на правото на самоопределување и за намалување на можноста за принудно гласање за одредена политичка партија со приложување на доказ фотографија.
Ако сакаме фер и демократски избори, добар извештај од домашните и странските набљудувачи и напредување на скалата на демократија, треба да заборавиме на било какво фотографирање на избирачкото ливче. На денот на изборите демократската иднина на Македонија е поважна одошто да се биде духовит.
Во 6 проценти тајноста на гласањето не беше осигурана, главно заради лошиот распоред на гласачкото место или заради недостиг од простор, а беше известено и за два случаја на лица кои фотографираат гласачки ливчиња по гласањето...
Би сакал да ставам до знаење дека фотографирањето на гласачкото ливче е забрането со закон:
Член 56
(3) Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче.
Причината за забрана за фотографирање на избирачкото ливче е со цел заштита на правото на самоопределување и за намалување на можноста за принудно гласање за одредена политичка партија со приложување на доказ фотографија.
Ако сакаме фер и демократски избори, добар извештај од домашните и странските набљудувачи и напредување на скалата на демократија, треба да заборавиме на било какво фотографирање на избирачкото ливче. На денот на изборите демократската иднина на Македонија е поважна одошто да се биде духовит.
No comments:
Post a Comment