Има работи што сами по себе се парадоксални. Сакаме да сме обединети, а самите создаваме вештачки поделби во име на таа обединетост. И не само што се прогласуваме за предавници и патриоти, Славомакедонци и Антички Македонци... Нештата за коишто знаеме дека создаваат поделби лесно ќе ги надминеме. Пострашни се нештата за коишто не знаеме дека се причина за поделба.
Во последните години се повеќе и повеќе се става акцент на тоа дека Република Македонија е мултиетничка, мултикултурна, мултиконфесионална, мулти-дрн-дрн.
Наместо да ги истакнуваме работите кои ги спојуваат сите граѓани на Република Македонија ние со свој камен по глава, си се делиме на секаков можен начин.
Никој не треба никому да му го оспорува потеклото, религијата, културата, но тоа не значи дека тие различности треба да ги става во преден план. Треба да се најде балансот, а не да се оди во крајност.
Не знам дали има земја во светот која е моноетничка, со исклучок на Грција, ама грчките власти и така живеат во некоја паралелна вселена. Зошто нашите политичари мора тоа постојано да го потенцираат. Зошто да не кажеме јасно и гласно дека сите сме граѓани на Република Македонија.

No comments:
Post a Comment