И додека нè убедуваат дека за Македонија никој во светот ништо не знае, на нашите сонародници кои од една или друга причина се по белиот свет им се случува сосема спротивното. Во овој блогпост едно интересно доживување раскажано од колегата форумџија - Makedon1, којшто моментално е на студии во Виена, Австрија:
Пред влезот на факултетот на којшто студирам, неколку недели пред Божиќ поставуваат шанк каде се служи топло вино и пунч. Вчера беше последна вечер па така се собравме можеби стотина студенти, најголем број Австријци и тек тук по некој Словенец, Русин и јас - Македонец. Почнавме да разговараме за Македонија со мојот пријател Франц, којшто е Австриец. Тој минатата година бил на поминување низ неа.
Муабетот го слушна еден друг наш колега од факултетот кој го запознав тогаш. Ми вели "Значи ти потекнуваш од лулката на европската култура", се насмеав до уши и реков "Да", со најголема гордост.
Веднаш ми кажа дека го знае Кокино, Александар III Македонски, Кирил и Методиј, Климент Охридски, Охрид како град со 365 цркви, Македонските Револуционери, Крушевската Република итн. Јас позитивно се изненадив колку знаеше за Македонија. Од тоа се разви муабет за Македонија со сите во друштвото. Го спомнавме и проблемот што Грците го имаат со нас. Сите се согласија дека Македонија е Македонија и дека Грците не се во право, не е тоа нивно.
Помина уште некое време ете го колегата што ја знаеше историјата на Македонија, го гледам како носи нешто во рацете. Гледам го зел на заем мегафонот од шанкот. Си велам сега ќе има забава. Дојде и ми рече "Сега Македонецу ќе направам нешто за тебе", и почна да вика "Тука имаме наследник на Александар III Македонски - Македонец кој дојде тука и се носи рамо до рамо со нас. И плус потекнува од Охрид Македонија, лулката на писменостa"
Јас да ви кажам искрено такви чувства не сум имал до сега. Беше како да ме прогласиле за крал за нешто најголемо, не можам да најдам зборови како соодветно да го опишам моментот. На крајот ги замоли сите да ми дадат аплауз и верувале или не ги замоли да речат "Lang Lebe Mazedonien" (Да Живее Македонија).
Најголем дел од присутните ме испочитуваа како нивен колега и еснаф, и извикаа: "Да Живее Македонија". Западнав во транс ме фати еуфорија, како успеа да се случи такво нешто не знам, ќе прераскажувам дури сум жив.

No comments:
Post a Comment