Monday, December 27, 2010

France say Macedonia





Пред некое време низ медиумите се шпекулираше дека тоа што Германија потпишала документ во кој наместо референцата стои "Македонската Влада" значи вовед за признавањето на нашата земја под уставно име од страна на Германија.

Без да се коментира веројатноста за тоа само би сакал да спомнам дека иако од медииумите знаеме дека билатералната комуникација со Франција не е под нашето уставно име, а е под акронимот, сепак отидете на сајтот на амбасадата на Франција во Скопје (Македонија) и побарајте дали таму има Б од бивша југословенска Репубика...

На сајтот на амбасадата (http://www.ambafrance-mk.org/france_macedoine/) на Франција во Скопје (Македонија) насекаде Македонија е ословувана како Македонија, дури и во самата адреса на сајтот, што е за поздрав. Дали и ова е некаква увертира? Пак не знам, но тоа не значи дека со скрстени раце треба да чекаме да ни се даде нешто, туку треба и самите да се бориме истото да стане реалност. Затоа не чекајте туку пратете порака до француските функционери со барање официјално Македонија да биде призната како Македонија.

Доколку немате идеја за текст преземете го писмото долу. Во зависност од тоа до кого го праќате писмото искористете или само Madame (за жена) или само Monsieur (за маж).

Иницијативата е подржана од Обединета Македонска Дијаспора! Голема благодарност до Мето Колоски и Татјана М. Л. за преводот на француски јазик!

Писмо до

Амбасада на Франција во Македонија
franamba@nic.mpt.com.mk

Претседател на собрание на Франција
president@assemblee-nationale.fr

Листа на Пратеници - Линк

Мисија на Франција во ООН, Њујорк
france@franceonu.org

Мисија на Франција во ООН, Женева
danielle.farza@diplomatie.fr
martine.baranger@diplomatie.fr

Премиер на Франција - Линк

Мисија на Фрaнција во ЕУ
courrier.bruxelles-dfra@diplomatie.gouv.fr

Madame, Monsieur,

Au nom des citoyens de la République de Macédoine, nous vous demandons respectueusement de cesser d'utiliser la référence temporaire qui est attribuée à notre pays (ex-République yougoslave de Macédoine) en remplacement de notre véritable nom.

En tant que citoyens de la République de Macédoine, nous estimons que chaque pays a le droit de décider lui-même de son nom sans intervention ou ingérence externe. C'est la principale raison pour laquelle nous prions la France, tout comme d'autres pays, d'appeler la République de Macédoine par son seul nom constitutionnel valide.

Cela fait environ 20 ans que la République de Macédoine est un pays indépendant et il est très important de noter que tous les pays faisant partie de l'ancienne Yougoslavie reconnaissent le nom constitutionnel de la Macédoine et non l'appellation qui est donné à notre pays par la Grèce.

En fait, c'est plus de 130 pays à travers le monde qui reconnaissent notre pays sous son nom constitutionnel République de Macédoine. Nous croyons que le temps est venu pour la France de suivre cette même voie et de reconnaître la Macédoine sous son nom constitutionnel. Cette initiative contribuerait au renforcement des relations amicales déjà existantes entre nos deux pays et aux efforts de stabilisation de la région des Balkans.

Notre patrie n'a pas d'intentions expansionnistes ou de désirs de s'ingérer dans les affaires intérieures de ses pays voisins, contrairement à ce qui a déjà été affirmé dans le débat avec la Grèce entourant le nom officiel de la République de Macédoine. La Macédoine est le seul pays qui est victime d'injustices et d'inégalités dans ce conflit.

Nous estimons que tout pays a un droit garanti de choisir son propre nom et il semble malheureusement que cela n'est pas le cas pour la Macédoine depuis la proclamation de sa souveraineté en 1991. Dans ce contexte, tout changement de nom de la République de Macédoine serait considéré comme une véritable insulte aux yeux des citoyens de notre pays.

Il est important de souligner que, comme le stipule la résolution 817 de l'Organisation des Nations-Unies, la référence provisoire accordée au nom de la République de Macédoine ne devrait être utilisée que dans les organisations internationales, car faut-il le rappeler, cette référence n'est pas permanente.

Le nom de notre pays est la République de Macédoine. S'il vous plaît, nous aimerions que vous respectiez ce nom tout comme nous, citoyens de la République de Macédoine, nous vous respectons.

Je vous prie d'agréer l'expression de mes sentiments les meilleurs,

Почитувани

Ние граѓаните на Република Македонија во името на правдината сакаме да упатиме апел кон вас да престанете да ја користите привремената референца (Бивша југословенска Република Македонија) како замена на нашето име.

Ние граѓаните на Република Македонија сметаме дека секоја земја има право сама да одлучува за своето име, без притоа во тоа да им се мешаат надворешните фактори. Исто како што ние не смееме вашата земја да ја ословуваме со друго име освен она коешто ви е во уставот, така и другите земји треба да ја ословуваат нашата татковина со нејзиното уставно име - Република Македонија.

Во услови кога Република Македонија речиси 20 години е самостојна и суверена земја, смешно е од сите бивши југословенски републики само на неа да и се наметнуваат придвките "бивша Југословенска".

Над 130 земји во светот ја признаваат нашата татковина под нејзиното уставно име. Време е и Франција да го следи тој тренд и да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име. Со тоа ќе се придонесе во зајакнувањето на пријателските односи помеѓу нашите две земји и за стабилизација на целиот балкански регион.

Нашата татковина не е таа која се меша во внатрешните работи на некоја од соседните земји, уште помалку бара некоја земја да си го смени името. Република Македонија е таа која е жртва на непринципиелноста и неправичноста.

Загарантираното право на избор на сопствено име за нашата татковина се повредува со именувањето на Република Македонија под привремената референца. Секое такво преименување на Република Македонија од нас граѓаните се оценува како навреда.

Реферецата под која Република Македонија беше примена во ООН е за да се користи само во ООН, како што стои и во резолуцијата 817. Исто така сакаме да истакнеме дека привремената референца е привремена референца, а не име.

Името на нашата татковина е Република Македонија. Ве молиме да го почитувате тоа исто како што и ние граѓаните на Република Македонија ве почитуваме вас.

Со почит

-----

Две дополнителни банерчиња за иницијативата


Ве молам да ја ширите иницијативата и да помогнете за признавањето на Македонија под уставното име од страна на Франција. Доколку сакате можете да се зачлените и во FB групата Француско - македонско пријателство (Français-macédonien amitié)

No comments: