Постојат одредени патриоти коишто плукаат по знамето на Р. Македонија демек личело на вентилатор демек не било македонско. Софија Манева овие луѓе би ги нарекла турбо патриоти, а за мене тврдењата што ги изнесуваат се квазипатриотски. Еве 4 мита коишто тие ги пропагираат.
Постои една стара поговорка која вели "Со сила може да ти земат, но не и да ти дадат". Тоа е и историски потврдено за конкретниот случај, што ќе рече можеби со сила Грците не лишија од можноста да си го зачуваме знамето од 1992 година (со тн. сонце од Кутлеш) ама не тие ни го наметнаа ова новово. За негово усвојување не се гласаше во парламентот на Грција, туку во македонскиот парламент.
Доколку одлучуваа од Грција за тоа какво ќе ни биде знамето сигурно немаше да изберат да биде стилизирано жолто сонце на црвена позадина туку нешто што нема никаква врска со претходното (од 1992 година).
Разбирам дека дел од Македонците се огорчени поради тоа што Грција не лиши од старото знаме (барем официјално), ама не треба да дозволиме гневот да се пренесе на новото знаме.
Знамето од 1992 година беше црвено-жолто исто како и оние од 1944 и 1946 година. Црвено жолто (и бело) е и знамето на македонската колонија во Петроград.
Црвено жолто (и црно) е знамето на македонското (разловечкото) востание. Поголемиот дел од револуционерните илиндински знамиња се црвено жолти. Такво е илинденското знаме на крушовската чета, како и она на кумановската чета...
Најстарото зачувано македонско знаме, мијачкиот крстат бајрак е исто така црвено жолто (со бело), а црвен-жолт (и бел) е и мијачкиот бајрак со коњаници.
И актуелното знаме (од 1995та година) е црвено-жолто по што може да се заклучи дека континуитет во боите постои.
По однос на симболот претставен на знамето, те сонцето: знамето од 1992 година беше со сонце, исто како и илинденското знаме од кумановскиот регион... Со друг тип на сонце (четвртина сонце во долниот десен агол) е знамето на македонската колонија во Петроград. Сонце има и на мијачкиот крстат бајрак... И за ова се потврдува континуитетот.
Значи низ текот на историјата се користеле не исклучиво 16-краките сонца. Не исклучиво сонцето со 16 краци е македонски симбол туку и сонцето како симбол воопшто.
И сонцето со 8 краци (колку што краци има и актуелното знаме) е застапено во не мал број. Еве неколку примери: 8-крако сонце од црквата во Разловци, 8-крако сонце од Црквата богородица Перивлепта ...
За знамето на Р. Македонија од 1995 година неговиот автор - Мирослав Грчев има кажано дека за да стигне до конечниот дизајн посетил голем број на места во Македонија на коишто постоеле артефакти со приказ сонце.
Таканареченото сонце од Кутлеш (Вергина) е симбол кој го користела македонската кралска династија на која што припаѓаат Александар Велики и неговиот татко Филип. Вистина е, се работи за стар симбол - неколку столетија пне. Ама има и постари како на пример сонцево на оваа исклесана плочка за којашто е утврдено дека е стара 5000 години!
Го сакам и старото знаме но според изгледот (на знамето, не само на симболот сонце) новово ми се допаѓа повеќе. Една од причините е интегрираноста на сонцето на целата површина на знамето, а не само централно поставено ко симбол.
Знамето дури и беше избрано за второ најубаво знаме во светот според The World Almanac 2002.
За тоа дали личи на вентилатор има нешто што се нарекува The Eye of the Beholder или сè зависи од зависноста на зависникот. Дали ќе видиш сонце или вентилатор зависи и од тебе, а не само од конкретната слика.
Се сеќавам дека и во периодот од 1992 - 1995 година кога како задача по ликовно обрзование требаше да го нацртаме знамето на Македонија некои од соучениците коментираа дека им личи на морски еж - така и го нацртаа.
Ова може да се смета за одличен пример за Роршах, ако си негативно настроен кон знамето ќе го видиш како нешто тривијално те вентилатор, ако си позитивно ќе го видиш стилизираното сонце преку кое ќе се потсетиш и на новото сонце на слобоата од химната на Македонија, и на т.н. сонце од Кутеш ко беше на знамето на Македонија од 1992 година.
1. Мит 1
Новото знаме ни е наметнато од Грција и затоа не е македонско

Мит 2
Новово знаме нема историски континуитет

Мит 3
Старото знаме е со постар симбол и затоа новото има помала вредност
Старото знаме е со постар симбол и затоа новото има помала вредност
Таканареченото сонце од Кутлеш (Вергина) е симбол кој го користела македонската кралска династија на која што припаѓаат Александар Велики и неговиот татко Филип. Вистина е, се работи за стар симбол - неколку столетија пне. Ама има и постари како на пример сонцево на оваа исклесана плочка за којашто е утврдено дека е стара 5000 години!
Мит 4
Новото знаме е како вентилатор и не е убаво
Новото знаме е како вентилатор и не е убаво
Го сакам и старото знаме но според изгледот (на знамето, не само на симболот сонце) новово ми се допаѓа повеќе. Една од причините е интегрираноста на сонцето на целата површина на знамето, а не само централно поставено ко симбол.
Знамето дури и беше избрано за второ најубаво знаме во светот според The World Almanac 2002.
За тоа дали личи на вентилатор има нешто што се нарекува The Eye of the Beholder или сè зависи од зависноста на зависникот. Дали ќе видиш сонце или вентилатор зависи и од тебе, а не само од конкретната слика.
Се сеќавам дека и во периодот од 1992 - 1995 година кога како задача по ликовно обрзование требаше да го нацртаме знамето на Македонија некои од соучениците коментираа дека им личи на морски еж - така и го нацртаа.
Ова може да се смета за одличен пример за Роршах, ако си негативно настроен кон знамето ќе го видиш како нешто тривијално те вентилатор, ако си позитивно ќе го видиш стилизираното сонце преку кое ќе се потсетиш и на новото сонце на слобоата од химната на Македонија, и на т.н. сонце од Кутеш ко беше на знамето на Македонија од 1992 година.
No comments:
Post a Comment