Една декада пред почетокот на втората светска војна, кога дедо бил на десетина - петнаесет години, од муабетите на повозрасните во семејството разбрал дека во градот дошле некои Бугари. Дедо до тогаш немал видено Бугари и му било интересно да види што за луѓе се.
Значи да појасниме не само што не се чувствувал ко Бугарин, туку и никој од неговото семејство и околина не се декларирал ко таков. Што значи дека нема како да е вистина тврдењето на бугарската пропаганда дека по околу десет години за време на бугарската окупација на Македонија, бугарските војници биле пречекани како ослободители од месното бугарско население, од едноставната причина дека немало бугарско месно население или тоа било во ништожно мал број.
Од селото (во источна Македонија) каде што живееле, станал раното, завршил дел од задолженијата што ги имал и тајно без никој да го забележи, се стрчнал кон градот за да ги види Бугарите. Селото е на поголема надморска висина одошто градот па речиси целиот пат му бил одење по удолнина. Не знам што дедо очекувал да види, но кога стигнал во градот веројатно откако му кажале некои од граѓаните, им се доближил на Бугарите за да ги види поубаво.
Бугарите кои биле двајца, го забележале како се вртка околу нив и едниот од нив го запрашал како се вика. Дедо одговорил дека се вика Александар, на што Бугаринот се налутил и веднаш почнал да го удира и пцуе со зборовите (според дедо): „... мамката твоја Македонска“. Дедо беше голем и силен маж дури и на старост, но за шлаканицата што тогаш ја добил велеше дека сè уште му одѕвонува во ушите.
Не е чудно што Бугаринот реагирал така ако се знае дека во Македонија од памтивек па до денес името Александар е едно од најчестите имиња. Во периодот во кој што се одвивала случкава (1921-1940) Александар било најчестото име со кое се крштевале македонските деца.
Среќа вториот Бугарин се погодил добар човек - го спречил неговиот другар и дедо некако успеал да побегне. Ко што кажуваше ако му требале два часа за да се спушти од селото до градот, за назад од страв го поминал истиот пат но сега по угорнина за само еден. По бугарскиот ќотек поради неговото име, кај дедо никогаш потоа не се јавила желбата да гледа Бугари.

1 comment:
kako nemate sram da gi pisuvate tie gluposti
Post a Comment