Досега бев поборник против промена на името на нашата земја Република Македонија. Дојде време и јас да свртам нов лист и да дадам предлог за промена на име. И не е ова решение со двојни-тројни формули, не сум јас Шумахер. Да се разбереме предлогот е за севкупна употреба.
Не, не, нити Грците ми платиле за ова, нити пак Нимиц ми ја ветил внуката, го праам ова за џабе. Име за пари име не мењам, секс за пари е то е веќе нешто друго.
Предлогот е Европска Република Македонија (Република Европска Македонија). Европска бачко, е не ќе се заебаваме.
Сево ова мое предавничко делување започна како одговор на твит на СДСМ (а кој друг може да те навлече на тоа) на 09.05.10:
Младите социјалдемократи го одбележаа 9-ти Мај под мотото „Младите се за европска Македонија!“
Со тоа што им го доставив предлогот за промена на име:
@SDSMakedonija Добра идеја, предложете му ја на Нимиц. Република Европска Македонија... за севкупна употреба :P
И дел од интелектуалците го предложија името. Некој ден потоа Академик Блаже Ристовски во Гласот на народот, лицемерието на Грците за име со географска одредница го објаснуваше токму со ова име.
Не мислам оти предлогот за промена на име, те допрецизирање на името ќе е неприфатлив за премиерот и за коалиционите партнери. Еден месец отпосле (19.06.10) и тие се огласија и донесоја декларација за ЕВРОПСКА Република Македонија. Линк
Со предлогов се задоволуваат Македонските барање. Нема промена на идентитет, а европските вредности на оваа држава за кои толку многу се ангажираме - дополнително се зацементираат. Може да се очекува по автоматизам преку брза постапка да станеме и членка на ЕУ. Па греота ќе е ЕВРОПСКАТА Република Македонија да биде надвор од ЕВРОПСКАТА Унија.
И од ЕУ ќе бидат задоволни. Македонија не е ниту бугарска, ниту, грчка, а ниту македонска. Македонија е европска, колку гордо тоа звучи!
Со предлогот име се задоволуваат грчките барања: име со географска одредница - Европска. Нема да има никаква забуна со грчкиот регион. Република Македонија е европска, а Грција иако е членка на ЕУ, со Црната Атена докажаа дека е поскоро африканска.
Групацијата на поборници за промена на име - граѓани за ЕВРОПСКА Македонија познати уште и како соросоиди, а модерно наречена предавници исто така ќе биде задоволена (не сексуално, да се разбереме). Едно ќе има промена на име (следоватeлно ќе бидат кеширани), а второ со тоа сите ние ќе станеме нераскинливо поврзани со нивната група. Граѓани за Европска Македонија и граѓани на Европска Македонија речиси иста ствар.
И светот ќе е задоволен. Коа ќе отидеш негде во странство и ќе им кажеш дека си од ЕВРОПСКА Република Македонија, никоја будала нема како да си помисли дека можеби тоа е во Африка или Азија.
За крај и Нимиц ќе е задоволен. Доста се занимаваше со кумување и измислување на нови имиња. Ќе може на мира човекот да се посвети на нешто попрактично - пополнување на озонски дупки на пример.
No comments:
Post a Comment