Saturday, June 19, 2010

Навивај за Македонија!



Фудбалска треска го тресе цел свет. Се чудам зошто светската здравствена организација (WHO) преку прогласување на епидемија не проба да профитира од продажба на вакцини.

Луѓето од цел свет си имаат свои фаворити. Обично за Германија навиваат Германците, за Англија Англичаните, за Бразил Бразилците... Само Македонците немаат еден и единствен фаворит. Едни навиваат за Германија, други живот даваат само Англија да победи, а богами и за Бразил на големо се кинат гласни жици.

Македонците навиваат за кого ќе стигнат освен за својата татковина Македонија која немаше среќа да се пласира на светското. Како го објаснуваат ова белосветските политички проститутки кои нè обвинуваат за водење на националистичка политика поради одбивањето да си го смениме името. Еве бе навиваме и за вас, шо за нацисти ќе да бевме.

Се чудам ако по некоја грешка Македонија учествуваше на светсково, дали ќе навивавме за неа или сè уште ќе бевме поголеми Англичани од кралицата.

Во знак на протест јас си го облекувам македонскиот дрес и колку шо ме држи глас ќе навивам за Македонија. Па што ако не учествуваме. И Бразил не учествуваа на европското првенство па имаше такви кои навиваа за нив.

1 comment:

Macedonian_Lion:) said...

Браво!!!
И мене ова ме нервира. Да бидеме она што сме а да не се правиме поголеми Англичани од Англичаните, поголеми Германци од Германците...

Да бидеме она што сме МАКЕДОНЦИ