Прво опозицијата обвинуваше дека власта непотребно ќе организирала предвремени избори, а сега излегуваат на протест за да бараат предвремени избори.
Потоа обвинуваат дека власта Македонците ги дели на предавници и патриоти и самите се препознаваат во предавниците иако никогаш не беа именувани, а сега и самите прават поделби.
Се чини дека власта е секогаш неколку чекори пред опозицијата и секое појавување на опозицијата е само ехо од власта, понекогаш исто, а понекогаш во инверзија. Мразам еднопартиски системи, а мразам и Deja Vu.
Имено вчера на митингот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави:
Според кажаното од лидерот на опозицијата штом нема Македонец што сака да го смени името, секој оној што сака да го смени името не е Македонец.
Проста логика :)
Се чудам кој беше типот што откако се пензионираше постојано инсистира на промена на името и обвинува дека власта не се труди доволно за да го смени истото :)
Барем сега нема другите да му бидат виновни. Самиот се прогласи за немакедонец.
Опозицијата треба да сфати дека ако сака да фати нов пропатриотски курс и да ќари гласови на патриотска основа, мора да ги замени старите веќе видени политичари особено оние на врвот и на нивно место да донесе млади, амбициозни и перспективни личноси без дамки на себе. На старите веќе никој не им верува на лагите.

Нема Македонец што сака да го смени уставното име

No comments:
Post a Comment