Tuesday, March 10, 2009

Music Idol

Кога за првпат разбрав дека Music Idol доаѓа во Македонија бев пријатно изненаден. Немав баш ништо против што се работи за Бугарскиот идол. Мала земја сме ние, а и други слични шоуа (Операција триумф) иделе овде и барале таленти па се испаднало супер. Се надевав дека вакво шоу би не помирило соБугарите па затоа и не го подржав протестот. Мислев дека луѓето од бугарскиот идол се професионалци. Мислев ги интересира само гледаноста и бојата на парите. Мислев дека ќе има само музика и забава, а не фашистичките тези дека сме ист народ... Ама не бев во право.

1. Самото тоа што музичкото шоу се вика Music Idol Бьлгария имплицира дека и Македонија е бугарска земја, а ние сме Бугари.

2. Еден од водителите (мислам Иван) рече дека Бугарија и Македонија веќе 100 години се одделни земји. Се е тоа ОК ама требаше да каже колку тоа време сме биле заедно и под какви услови сме биле заедно.

3. Бугарската пејачка што живее овде - Лили и нејзиниот сопруг кој патем кажано бил црногорец со години лебот го заработуваат овде, а сеа за никаква причина (да те има 2 минути на ТВ) ги навредија сите Македонци со тоа што рекоа дека сме еден народ во две држави. Со други зборови го збришаа целиот македонски народ што не е ништо друго туку геноцид. Да не беше ова, се друго некако ќе поминеше. Ама кога некој во главниот град на Македонија кажува дека сите Македонци се Бугари е навреда на која не мислам дека некој Македонец би останал рамнодушен.

4. Македонија те Скопје беше прикажана најлош можен начин. Наместо неговите убавини каков што беше случајот со бугарските градови прикажани предежно грди работите - ѓубре, несоодветни графити, градби пред распад... нашминкани со измислена југоносталгија.

Бугарски идол во Македонија - прв и ПОСЛЕДЕН ПАТ!

No comments: