Кога веќе еднаш ќе престанат поделбите на која и да е основа меѓу Македонците. Кога ќе разбереме дека без оглед на се ние сме Македонци. Се чини дека ни е судбина која не следи уште од самиот почеток. Раздели па владеј. Прво мистериозните сили ја поделија етногеографската област Македонија па потоа процесот на поделба го стигна и македонскиот народ. Кој работи за остварување на вакви мрачни сценарија? Во чиј интерес е да не подели како народ. Има ли некаква конспирација?
За време пет века турско некои Македонци стануваат поголеми муслимани од арапите и покрај македонската крв во вените и до ден денес си се декларираат ко муслимани, турци, торбеши и слични работи од тој род. За време долгогодишната кампања за асиилирање на Македонците од страна на бугарскиот окупатор некои Македонци засекогаш ќе останат со променет идентитет, промиен мозок и всадена т.н. бугарска свест. За време Југославија некои Македонци се претопија во новатаЈугословенска нација. Некои и до ден денес си останаа југоносталгичари и не пропуштаат прилика да пролеат по некоја солза за другарот Тито. Некои како спомен од бившата држава и стои името Југослав. Еве и сега задоцнето започната лустрација открива дека покрај горенаведените, поделбата била и на кодоши и жртви.
На почетокот на осамостојувањето на Р. Македонија се поделивме конечно и на партиска основа на ВМРОвци и СДСМовци. После испаднаа и неколку дузини други партии и настана салата од политичката поделеност на нашиот народ. Се сеќавате ли на Зоки Бранишковски кој проба да ги подели и православните христијани во Македонија ама не му успеа баш. Во најново време со наметнатиот проблем со името се создадоа услови за прокламирање како патриоти и етикетирање на неистомислениците како предавници. Пред некое време се постави и прашањето што сме антички Македонци или Македонци словени. Па потоа излезе премиерот и не поучи дека нема поделби и дека сите што живеат во Македонија се Македонци. Се налутија Албанците они биле друго. Еве пак поделба. Од ништото изникнаа и македоноиди од којшто настанала белата раса, па предвремено еволуираа и соросоидите кои мајка продаваат, а не пак име. И така натаму и така наваму. Се чини приказната за поделеноста на македонскиот народ продолжува и даље се додека не ни дојде умот ... или пак се додека постојат Македонците.

No comments:
Post a Comment