Saturday, January 03, 2009

Среќна Нова година

Среќна Нова 2009 година. Многу среќа, радост, пари и здравје (иако имам забрана за посакување на здравје поради професионални причини). Не знам оти секогаш славиме за новата а никогаш не жалиме за старата. Можеби затоа што добрите сеќавања никогаш не ни се толку силни колку што е надежта за иднината.


Изминатата година имавме и победи и порази. Вето yes, NATO јок. Некои земји нè признаа, некои нè одпризнаа. Се надевам дека наредната година ќе биде многу поуспешна во секој аспект.

Не знам што си помисливте вие кога стрелките на часовникот се преклопија во 12 часот. Повеќето од вас сигурно си ги посакале стандардните: среќа, подобар живот и здравје. Јас сè уште верувам во Дедо Мраз. Ништо што до сега ништо не ми донел (веројатно подароците за мене му ги конфискуваат на граница) и без оглед на тоа што во Лос Анџелес се самоуби еден негов двојник и што еден куп негови клонови шетаат по секоја улица и ги лажат децата.

Од добриот дедо, како за промена, оваа Нова година побарав скромна желба. И неговата земја Лапонија да нè признае под уставно име. Се надевам дека откако ќе поминат празниците ќе ја седне Владата. Ако не, догодина ќе се жалам кај Тетка Мраз. А доколку нè признаат можеби догодина ќе посакам да нè признаат и Тунгузија, Дембелија, Недојдија... И сите по ред.

No comments: