Friday, December 26, 2008

New cold war

Со осамостојувањето на Република Македонија а со самото тоа и со оспорувањето на нејзиното уставно име и идентитет од Грција започна и новата студена војна во светот. Ако онаа старата си имаше залив на свињите, оваа нашата го имаше ветото во Букурешт. Во старата приоритет беше вооружувањето, а во новата дипломатијата. Во старата ривалите се натпреваруваа за надмоќ во космосот, а во новата за надмоќ во интернет просторот. Во старата главни херои беа Кенеди и Хрушчов, а во новата Груевски и Караманлис. Берлинскиот ѕид ги делеше ривалите во предходната, а во оваа новата грчкото ембарго. Старата си имаше војна во Виетнам, а оваа новата воени вежби во Забрадени и лажни тревоги од Миленко Неделковски. Во старата поделбата беше на Американци и Руси, а во оваа новата е на Македонци и Грци. Ако во старата проблемот беше околу политичкото уредување и идеологијата - капитализам или комунизам во новата раздорот е за Македонија - македонска или грчка. И така студената војна сеуште трае и до денес. Македонија и коалицијата од околу 120 земји засега е во блага предност. Некогашните ривали САД и Русија го заборавија минато и застанаа на наша страна. Но и Грција е силна, преговара за компромис а барањата и се безкомпромисни. Каде и е крајот на студената војна никој не може да каже. За крајниот изход има многу можни сценарија. Сепак најверојатно е дека еден ден на којзнае колку години од сега светот ке се поларизира иреверзибилно. Едниот дел ке се вика Грција, а другиот Македонија. Едниот ќе си го владееме ние, а другиот Грците. Ама у поверење ви кажувам дека нашиот дел ќе биде подобар. Епа пази се свету еве не идеме.

No comments: