Friday, January 16, 2009

Забрането за Нимици!

Во овој напис ви претставувам колекција од 10 алтернативни називи за Македонија. Ги имам видено по интернет форумите и на Youtube, а некои ги има и надвор од мрежата. Авторските права ги има антимакедонскиот народен „гениј“.

Titostan - Овој назив наци Грците и наци Бугарите го објаснуваат со тоа дека Македонија е вештачка творба на комунизмот и Тито. Инаку ова што го пропагираат не е поткрепено со ниеден историски факт. Направено е онака од грчки и бугарски антимакедонски побуди колку да не мора да се удираат в гради за да покажат патриотизам па не мислам да трошам време пишувајки контрааргументи. Варијанти на ова име се Titoclonia и Mаkedonistan.

Marsedonia - Кованица меѓу Марс и Македонија инаку my favorite. Името имплицира вонземско потекло на Марседонците. Што ќе рече ако не ни се допаѓа на земјата пали вселенските бродови и назад на Марс(едониа). Има и други називи кои се креирани под ист принцип. Пример: Fakedonia, PseudoMacedonia исл.

FYROM (БЈРМ) или кај тие со малку повеќе осет, како Microsoft на пример, FYRO Macedonia. Во графа за националност стои БЈРМакедонец или Фиромјанин или БЈРМовец. Имаш голем избор, па „повели од изволтево“. Инаку ако Македонија е бивша југословенска република, тогаш исто се и Црна Гора, Хрватска, Словенија, БиХ и Србија. Ако не беше така тогаш требаше југословенските пари од швајцарските банки да ги ќариме само ние. Ајде малку братство единство. Инаку во Обединети нации сме заведени под референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“ а не под акронимот FYROM

Monkeydonia - Од monkey и Macedonia. Можете да го најдете секаде по интернет а дури има и блог со тоа име. Еве му бесплатна промоција http://monkeydonia.blogspot.com/. Еден виц од таму: Monkeydonian is a person who holds the view that by renaming a potato to apple, the potato will then taste like an apple. In other words, it is the person who thinks that by renaming a country's name from 'Vardaska' to 'Macedonia', in the mid 20th century, he can include in its identity, all Macedonian history that took place even as far as 2000 years before

Vardarska - За овој назив му текнало на некое полуписмено „Гркче“ колега филателист прегледувајќи стари југословенски марки. Таму наместо Македонија стои Вардарска бановина. Сепак кумот на името не се обидел да разбере што е финтата со ова и тука престанал со истражувачката дејност. Во СХС (Југославија) нема ниту Србија, Хрватска, Словенија, а е поделена на бановини кои се именувани по најголемите реки. Кликнете на сликата и ќе видите сами. Варијанта на овој назив е Varcedonia.

Нова Македонија - Прво сами си сакавме Р. Македонија - Скопје. Па пред Букурешт Владате не рече „не“ на Р. Македонија (Скопје). Па Нимиц ни предложи Р. Нова Македонија. Ние може да го прошириме и во заграда да пишеме Вечер. За разбивање на монопол. Дај ти се молам. Нимиц си нема друга работа па си кумува. Ама ние ем нејќеме име да менуваме ем преговараме за промена на името. Не знам дал` да се плачам ил` да се смеам. Како нареден предлог очекувајте Нимицдонија.

Skopje - Ама не како Скопје главен град, а како Скопје име на држава. Можеби најпопуларно име кое го измислија Грците, пред да направат творечки бум и да измислат уште еден куп други. Како варијанта пред некое време го забележав и Skopaganda.

McDonaldia - На Youtube и по интернет форумиве многу грчки наци чеда нè именуваат со овој назив. Сепак за ова треба да се консултира и Мекдоналдс. Ако ништо друго барем по еден Big Mac да ни даваат. Друго гурманско име е Макаронија. Сепак убаво е да се знае дека не Македонците или Мекдоналдците се зависници од Junk Food, а токму Грците. Ако се сомневаш во ова сети се која е една од најдебелите нацији во Европа, светот, а и пошироко. Види тука

West Bulgaria - За првпат ова го сретнав напишано на пакување на бугарски леб. Сепак идејата е стара колку е стара и големобугарската пропаганда. Се чини империјата го возврати ударот па сега на Hi5 на македонски јазик за Бугарија пишува Бугарија (плус Пиринскиот дел на Македонија) За повеќе инфо види овде

SlavoMacedonia - Главен аргумент на Грците: сме биле словени. Главен сведок за ова тврдење: Киро Глигоров. За тоа кој колку е Македонец, а колку Словен може да видите во истражувањето IGenea. Види тука

Ако сакате да видите алтернативни називи за Грција и да се посмеете малку на нивна сметка, кликнете овде

Написот нема за цел да навреди некој и да побуди омраза кон кој било народ, туку е само за забава. Се надевам дека и вие сте се изнасмејале исто како и јас. И не заборавајте: „едно име имаме....“

1 comment:

Anonymous said...

ALPADONIA