Thursday, January 15, 2009

Поделба на Македонија ?!?

И додека новоизбраниот министер за култура на Грција, копукот Антонис Самарас, се заканува и изигрува Нострадамус пророкувајќи поделба на Македонија и нејзина ликвидација од светската карта, Турција најверојатно аминувана од САД планира да го окупира островот Агатониси оспорувајќи го грчкиот суверенитет и си плови низ грчки води со фрегати провоцирајќи ги Гејците.

Инаку лесно е човек да се досети дека ова е американско масло. САД никогаш не ги сакале земјите со кои што не можат да соработуваат. Србите доживеаа НАТО напад и бомбардирање по откажаната соработка по прашањето за Косово и пак им го одзедоа. На Грците ќе им направат дестабилизација во најмала рака за ветото на Македонија во НАТО и Македонија пак ќе биде примена.

Самарас дури и побара од Бугарија да не опструира и да ни направи проблем за името, ама тоа во некој нареден живот. Бугарија беше меѓу првите земји кои нè признаа. И тоа под уставно име. Во Бугарија осамостојувањето на Македонија се доживеа како израмнување на резултатот против Србија. Ако Бугарите не можат да ја стават Македонија под своја власт барем да не биде под власта на Србија. Апсурдно е сега тие нешто да не ословуваат со БЈРМ. Тие повеќе би сакале да сме ББРМ ама тоа е друга приказна. А за аргументот на Самарас дека и Бугарија имала право на историјата на античка Македонија, па кој им прави проблем. Ние не!

Јас не знам некој од Македонија да рекол нешто за именувањето на улици со имиња не на антички а на сегашни македонски градови и издигање на споменици на македонски херои во Бугарија. Во Софија имаат и плоштад Македонија. И што дека?

Ние не сме тие што бараат преименување. Тоа сигурно повеќе им пречи на Грците, ама сега немајќи ниеден сојузник на своја страна се обидуваат со смакнати гаќи да ги придобијат Бугарите.

Инаку Самарас добил идеја за тоа дека Македонија ќе се распадне од антимакедонски клип на Youtube во кој Македонија во иднината се окупира од Србија и Албанија. Кутриот помислил дека нашол временска машина. Ех пусти желби, пусти желби, ама го нема веќе Дедо Мраз. Замина за Лапонија. Ако нема сега попаметна работа нека оди да бара златни рипки или аладинови ламби.

Поздрав до Гејците со Бело Море од Мизар.

No comments: