По неколку информации, шпекулации, фалби и дезинформации стигна и конечната одлука (жална вест). Мексико и Конго за кои до сеа бевме Р. Македонија одсеа па надаље (пу пу не се важи) ќе ни се оБРАЌАат со FYROM. Причината поради која што Конго се попишманиле не се знае со сигурост. Најверојатно Грците го подмитиле главатарот со 3 кила банани, а и коалицијата Dole (Сонце) многу скржави биле, слаб промет им напраиле. А Мексико пак од ептен сигурни извори дознаваме дека тоа го направиле оти Грциве им ветиле дека во наредните 100 години ќе им ги купуваат сапунските серии. Демек за да си одржават хигиена. Уф народе добро е куртуливме. А ако треба и БЈРМ нека ме викат ама Касандра јок. Мислам со по 1000 епизoди секоја, додека си разбрал која му е сестра испаднало дека дедо му по мајчина линија внука му го родила, а жена му уствари му е сестра на брат му. Абе вистински предизвик за здравиот разум се. Нека му ја мислат сеа Грците. Друга радосна вест е дека најбрзо растечката економија, втора по население земја у свет и наша некогашна соседна земја- Индија реши да си ја исправи грешката и да каже bye bye FYROM, hallo Macedonia. Да живее Индија, да живее Махатма Ганди, да живее Бикот шо седи...и кравите исто така...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment