Претседателските избори во САД завршија. Долгиот пат од колибата на чичко Том до Белата куќа е изоден. Цели 50 години поминаа од добивањето на право на глас на афроамериканците се до избирањето на прв црн (да не ме сфатиш погрешно - по боја на кожа) претседател. Се прашувам кога вакво нешто ќе се случи во Македонија. Кога кај нас демократски (без пушки и кашикари) ќе биде избран Албанец за претседател без во тоа да има удел нивниот брз наталитет, а само неговиот квалитет. Па и не мора да е Албанец шо сум запнал јас. Може да е црн како Обама еве. Сега откако и шампионот во Ф1* и најсекси жената** у свет се црни тоа е на мода. Само не мора да е од африканско потекло. Може да е од Шутка на пример.
Кампања освен по егзотичните кандидати долго ќе се помни и по тоа што ги засенчуваше дури и скандалите на Парис Хилтон по медиумите. Ама тоа за наши услови воопшто не е чудно. Во Америка политичарите беа главни ѕвезди само 2 месеци и толку, а кај нас цели 15 години. Битката се водеше меѓу жената (на Бил), црнецот (Обама) и старецот (МеКејн).

И немаше се да биде толку историско единствено доколку победеше МеКејн. Ама за среќа или жал победи Обама. За прва жена преседател(ка) на САД у некоја наредна прилика. И додека Американците се надеваат црномурестиот претседател да направи нешто за економската криза и да ја врати американската мечта, ние се надеваме да не прави ништо по прашањето за нашето име. За разлика од сите европски народи коишто навиваа за Обама, ние бевме за МеКејн. Дали стравувањата од победата на Обама ни беа оправдани или пак беа само параноја ќе видиме набргу. И додека чекаме не треба да заборавиме дека и сонцето е ѕвезда. Ако не една од 12-те на знамето на Европската Унија, тогаш 51-ва од Знамето на САД. Па зошто да не !?
*Луис Хамилтон, **Хали Бери
No comments:
Post a Comment