Saturday, December 20, 2008

Вистински иредентизам

Како еден од аргументите за притисоците за промена на името на Република Македонија, Грција го посочува македонскиот иредентизам. Демек на нас еден ден ќе ни текне и ќе ги напраднеме кутрите Грци. Со која војска бе или така ви одговара. Ама ај тоа ќе го оставиме настрана, па нели сме наследници на Александар Велики се нешто може да измислиме. Но ако Грција навистина се плаши од евентуален напад зошто тогаш ни го попречија приемот во НАТО и ни дадоа вето. Па не е ли логично ако се плашат од нас да не фатат за уво и сосила да не пикнат во НАТО сакале ние или не. Па досега нема случај земја членка на НАТО да нападне друга земја членка на НАТО. Тогаш ќе нема како да ги нападнеме. НАТО да го нападне НАТО!? Зарем не е смешно.
Користејки го измислениот иредентизам како изговор тие дури и предлагаат сложено географско име. Нешто од типот Република Северна или Горна Македонија. Па со што во тој случај ќе им се намали опасноста на Грците да бидат нападнати. И уште повеќе штом постои северна значи постои и јужна. Штом има горна значи има и долна. Тоа дури и ги влошува неколкукратно работите. Ама изгледа нема место за логиката овде.

1 comment:

Дамјан Георгиевски said...

>>> Но ако Грција навистина се плаши од евентуален напад зошто тогаш ни го попречија приемот во НАТО и ни дадоа вето. Па не е ли логично ако се плашат од нас да не фатат за уво и сосила да не пикнат во НАТО сакале ние или не. <<<

не, сосема е логично. НАТО функционира вака.. ако некоја земја која не е во НАТО нападне НАТО членка цело НАТО оди во одбрана.

Значи МК-надвор-од-НАТО ја напаѓа Грција-во-НАТО, НАТО не бомбардира со амерички бомби.

НО.. МК-во-НАТО ја напаѓа Грција-во-НАТО, НАТО не прави ништо ... исто како кога Турција и Грција се напињаат и си прават инвазии едни на други.