Monday, December 15, 2008

Балкански Пандемониум

Падна жртва во Грција, ама не од гемиџиите а од грчката-гестапо полициа. Во Грција цари анархија. Протестираат и од солунскиот универзитет Македонија. Караманлис нешто го нема да не психотероризира и ФИРОМ-изира, му гори под газот. Ај па може ќе абдицира, па на наследникот ќе му дојде умот у глава. Преговорите не по наша вина замреа. А и да не беше така ко шо кажаа на телевизија само достоинствено ќе влеземе во НАТО (А. Милошовски). А по мои скромни разбирања достоинствено значи непромена на името. Се друго е проституција.
Балканот се промени, не сме веќе буре барут. Од сеa па натаму војните ќе се само спомен од минатото. Сите проблеми ќе ги решаваме у суд. Србија го скрши мразот, а ние има да ги докусуриме. Совет до оние што завршиле средно: запишете на правен - ќе има леб.
Првиот демократски избран претседател во Бугарија Ж. Желев ни порача да не го мењаме името. Он не признава - yess. Штета што и тој како и БИВША Југосвовенска Република Македонија е само БИВШ претседател. Инаку кој не знае да му кажам: Бугарија меѓу првите ни ја призна земјата као Р. Македонија ама не ни го признаа народот (ама не е проблем они барем не јадат активно г.мна као Грците). Косоварите си ги признавме ние (браво браво и ние станавме фактор). Уште сме си недопризнати ама почнавме да признаваме. Ништо што овие ни направија војна. Грција не признава као ФИРОМ и као Славомакедонци. Србија све ни признава (Џабе ли куп србизми имаме у јазикот) освен црква, ама затоа пак ја признаваат онаа на Јован (Зоки Арамијата) Вранишковски. Пази сеа колку се они напредни, па таа дури и ние не сме си ја признале а они ја признаа.
И Каракачанов (ултранационалист од Бугарија) настапи во ист стил. Ако ние не сме ги исполнувале условите на бранителите демек Бугарија ќе ги исполнела. Пази сеа имаме конкуренција. Немаме више монопол на пазарот. Ама на понудата (непристоен предлог) македонските бранители од здружение "Достовоинство" достоинствено исто као и Милошоски го откачија. Инаку кој си има проблем со што и да е слободно може да му се обрати на споменатиот господин. Тој може да направи чуда за вас. Единствено што вие треба да направите е да му ја продадете вашата...националност. Оти ова ми звучи као Фауст? Ај да го кажам со спортски речник: треба да напраи трансфер и да се продаде у поголем клуб. Е вака звучи поарно.
Падна жртва (студент) и во Софија. Жално. Премиерот на Бугарија Станишев ни дојде на гости. Каракачанов сигурно вика: Станишев отиде у втората ни дома. Ама којзнае што ќе каже бугарскиот премиер. Ќе не подржат ли за нашата евроинтеграцијата или ќе ни се напраат на "пичови".
И додека го пишувам ова кружат шпекулации за изградба на облакодер во главниот град на Бугарија. А каде на друго место ако не на познатиот софиски плоштад Македонија. И од кој друг ако не од Грциштата. И ако ова не бил балкански пандемониум.

No comments: