Tuesday, November 25, 2008

Рекоа за I,Macedonian

Пофалби за блогот I, Macedonian:

"Наша основна цел е да се зачува нашето вековно име, историја и идентитет. Ако и вие го сакате тоа, поддржете не и речете Македонија!"

Ете тоа е целта на блогот I,Macedonian кој повеќе од две годнини активно работи и презема безброј активности за признавање на Македонија под уставното име. Активно се заземаат да допрат до сите официјални страници на институции, Министерства, најпопуларни социјални мрежи, светски мрежи.

Дека огромната посветеност и континуирана работа на иницијаторот и сите инволвирани на блогот не е залудна покажуваат и самите резултати. Успешно и ефективно ја постигнаа целта да се заведе Македонија под нејзиното уставно име на Yotube, која е на трето место по посетеност на интернет. Целта ја постигнаа со константно праќање на пораки до Јутуб, пласирање на три видео клипа, текст и информирање на цела македонска заедница на Јутуб. Видео клиповите за оваа акција беа посетувани со секавична брзина од 20 000 посетители во првите минути на објавување. Овде нивната работа не застанува, планираат испраќање на писма преведени на сите јазици на земјите кои се уште не не признале под уставното име. - Гордана Димовска, објавено во Македонска Нација

За тоа дека македонските историски настани не останале незабележани од светските медиуми, говори и податокот за голем број објавени вести од австралиските весници. Тие објавувале се што се случува на ова парче на Балканот а најинтересно е тоа што, се пишува името Македонија. Истражувањето е направено од сопственикот на блогот I Macedonian и изобилува со извадоци од весниците Сиднеј хералд, Меркури, Вестерн маил – Перт. Читајќи ги денес овие информации се воочува дека Австралија не признала под името Македонија уште во 1860 година. - Гордана Димовска, објавено на Македонски Времеплов

Pred nekoj den i jas go posetiv Blogot na I,Macedonian, i sto da kazam, kako dete vo prodavnica za bomboncinja. :))))

Sekoj Makedonec koj ima pristap do internet treba/mora da e aktiven clen na ovaj Blog I,Macedonia ... http://i-macedonian.blogspot.com/ -
Marjan Trajkoski

Почитувани членови во групата Стоп на преговори за името и идентитетот

Посетете го блогот I Macedonian каде има доставени адреси до сите релевантни фактори до кои можете да се испратите писма/барање за признавање на Македонија под уставното име. - Karo Lina, напишано на Facebook

Блогот www.i-macedonian.blogspot.com редовно реагира до странските влади, кои спротивно од меѓудржавните договори ја користат привремената референца. И доста ефикасно го прави тоа. Анонимни, ангажирани, брзи во реакцијата и ефикасни во постигнувањата. Дејствуваат како вистинска интернет-герила. Здружени во мотото „Како е да се биде вистински интернет-Македонец“ со години реагираат на секоја фиромизација на државата на официјалната меѓународна сцена, упатуваат протестни ноти до државните и до меѓународните институции и бараат користење на уставното име на Македонија.
Луѓето што го одржуваат блогот www.i-macedonian.blogspot.com, всушност, се вистинска супкултурна група, која многу ефикасно ја коригира работата на официјалното Министерство за надворешни работи, кое неретко заборава да упати протестна нота при несоодветното именување на државава. - Фросина Димеска, Нова Македонија

Пред една недела Грузија побара од светот да ја ословува со името Џорџија, а со цел да ги прекрати сите врски и сеќавања со минатото и со руската етимологија. Тоа е легитимно барање на секоја суверена земја исто како што е легитимно и нашето барање светот да ја признае Македонија под уставното име. Сепак, единствено македонските блогери што го водат www.i-macedonian.blogspot.com ја искористија оваа можност да им укажат на официјалните власти во Грузија дека не може да очекуваат Македонците да ги ословуваат со името Џорџија, сé додека тие ја именуваат нашата земја со референцата ФИРОМ. Без да се навлегува во прашањето дали ваквата реакција на блогерите ќе предизвика повратен одговор од грузиските власти, нивниот потег треба да се поздрави и да се почитува бидејќи покажува дека одредени луѓе во земјава, иако се реткост, а свесни за неправдата што ни ја нанесува Грција, прават сé што е во нивна моќ светот да чуе за Македонија и за апсурдниот проблем со името. Нивната активност треба да биде урнек како треба да се однесува секој граѓанин на Македонија. - Владимир Николоски, Нова МакедонијаMacedonian Spark)

1 comment:

Михаил said...

Честитки за пожртуваннашето во борба за зачувување на нашето вековно име...Македонија...македонец, македонски...Јас сум македонец...