Thank you Macedonia...

Поради спорот со името, се чини како да сме навикнати само ние да се заблагодаруваме на други земји. Па така во јануари 2011 година се заблагодаривме на Зимбабве и на Боливија (Thank you Bolivia), а потоа во јуни истата година и на островската држава Тувалу (Thank You Tuvalu for saying Macedonia!) поради тоа што ја признаа Македонија под уставното име.

Сепак оваа практика ја нарушува deviantart корисникот kazi2000, кој што минатата година во месец септември (08/09/2012) преку изработена од него слика се заблагодарил на Македонија поради тоа што го признава влашкото малцинство (Aromanian minority).


Во текстот кој што авторот го оставил под сликата, уште и вели дека се надева оти и другите земји од регионот ќе го следат примерот на Македонија.

„Hopefully other countries from the area will take example from it and recognise the Aromanian minority too!“

Врска: Thank you Macedonia by kazi2000

No comments: