Thursday, June 30, 2011

Thank You Tuvalu for saying Macedonia!

Министерството за надворешни работи на Република Македонија како и неколку медиуми денес објавија дека вчера попладне, во просториите на Постојаната мисија на Република Македонија при ООН, биле воспоставени дипломатски односи под уставно име со државата Тувалу.

Тувалу е 132 земја со која Македонија воспоставува дипломатски односи под устaвното име. Благодарност до оваа земја која иако е мала по население и територија за нас е значајна исто како и секој друга земја која не признала под уставното име!


Информации за Тувалу од македонската Википедија:

Тувалу е полинезиска островска нација, лоцирана во Тихиот Океан на пола пат помеѓу Хаваи и Австралија, јужно од Екваторот и во близина на Кирибати.

Се состои од девет корални атоли од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на тувалуански јазик значи "Осум стојат заедно". Со исклучок на Ватикан, тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како Елиски Острови.

Поради нивната мала висина (макс. 5 метри), островите кои ја сочинуваат оваа нација се загрозени од било каков пораст на морското ниво. Населението може ќе се евакуира во текот на следните децении во Нов Зеланд, или Ниуе, мал пацифички остров (автономен, но поврзан со Нов Зеланд), што не е загрозен од порастот на морското ниво, но има население во опаѓање.

Ваиаку, главното село, на атолот Фунафути, се наоѓа на островот Фонгафале кој е долг 12 километри. Тувалу е член на комонвелтот. Голем дел од државниот буџет доаѓа од приходите од продажба на .tv интернет домени.

Thank You Tuvalu for saying Macedonia !!!

1 comment:

Anonymous said...

Окно ви ја украл сликата :)