Честит ден на вљубените на сите оние коишто го слават, со желба да не заборавиме да ја сакаме и нашата татковина Македонија затоа што колку повеќе ја сакаме толку повеќе и таа нам ќе ни ја возвраќа љубовта.
МАЈКА МАКЕДОНКА - Лазо Каровски
I-Macedonian
МАЈКА МАКЕДОНКА - Лазо Каровски
Мугровита штама налегнува в шир -
Анатема црна врз твојот поет.
Јадосано срце зар копка за мир
Каранфили диви штом развијат цвет?
Афионот цути во насмевка блага,
Маслините шепнат во притаен час,
А погледот скован во цветната далга,
Кукавици в пролет разиграле глас.
Елегии леат славеите в пој,
Дамарите бијат во незадржлив ритам -
Одекнува в мене вековниот вој.
На земјава ширна, та кај и да скитав,
Ко твојата ЉУБОВ не осетив јас,
А без тебе в срце се распукал мраз...
I-Macedonian
No comments:
Post a Comment