Sunday, January 06, 2013

Антиквизација revisited

Со оглед на сè понагласената и позачестена употреба на терминот „антиквизација“, како некаков нов феномен, би сакал да потсетам на написот „Историја на т.н. антиквизација“ (2 јули 2011) во кој што се приложени низа пишани докази дека Македонците и пред повеќе од сто години се идентификувале со Александар Велики и античка Македонија.

Во врска со т.н. „антиквизација“ би сакал да ви го препорачам и блог написот „За пишман аџиите и божемната антиквизација во Македонија“ (28 октомври 2012), со кој што авторот се обидува да ја растера маглата за Македонија која што некој упорно ја произведува и шири како во земјата, така и надвор од неа:

„Цели шест години во Македонија се изнаслушавме и изнагледавме тиради и тиради за  меѓу другото наводното „искривување на македонската историја“, за „негирање на македонскиот идентитет“, за наводно ширење некаков „букефализам“, за тоа дека наводно ние Македонците ќе сме го „проколнеле мајчиното млеко“ затоа што наводно сме „се откажале од св. Климент и св. Наум“, за божемно правење на „карикатура од македонската историја“, итн. итн. Во недоглед изјави, мислења, статии, па дури и квази-научни трудови во кои се напаѓа наводно зголемениот „македонски национализам“, па замисли се заговара дека во Македонија постоел и „фашизам“, и сето тоа сесрдно и хорски се пренесува и мултиплицира во соседството и пошироко од тие за кои никогаш не постоеле, ниту треба да постојат Македонци и Македонија...“

No comments: