На 27.12.2012, во написот „Пет нови споменици во Центар - Света Лидија Македонска на плоштадот Богородица“ објавен во дневниот весник Вест беше соопштено дека во центарот на Скопје ќе бидат поставени пет нови споменици, меѓу кои и на Св. Лидија, „првата личност што била крстена од апостолот Петар на европска почва“.
Всушност првата европска христијанка не била покрстена од Св. Петар, туку од Св. Павле*.
*„Земјата што ја збогати Европа“, Macedonian Documents, 22 јули 2011: „Недалеку од градот, Свети Павле имал официјална средба со неколку Македонки (домородни жени), дел од кои што и ја основале црквата во Филипи, прва христијанска црква на европскиот континент. Нивна лидерка била Македонката Лидија, која што и се смета за прва жена од Европа која што го примила христијанството (според книгата на F. F. Bruce -St.Paul in Macedonia)“
No comments:
Post a Comment