Ние да го решиме спорот што тие го изродија?

Според Радио Слободна Европа, Штефан Фуле денес порачал властите во Скопје да не веруваат дека решението за спорот со името лежи во креативноста на луѓето од Европската комисија или, пак, дека членовите на Советот ќе изнајдат магично решение.

Јас би сакал само да му порачам на Филе или Фуле или како и да му е името, дека од нив не очекуваме да ни ги решаваат нашите македонски проблеми, нив ние самите ќе си ги решиме. Од нив не очекуваме ниту магични стапчиња и решенија. Она што го очекуваме од Европската Унија е да престанат да извезуваат проблеми и да ја држат Македонија во заложништво.

Спорот со името не е проблем кој што го создаде Македонија и сама на себе си го наметна. Спорот со името е проблем кој што го создаде една земја членка на неговата таканаречена Европска Унија и таа има морална одговорност да му стави крај.

Тоа што Европската Унија за дисциплинирањето на својата неодговорна земја членка и запирањето на овој апсурден спор не прави ништо, ја прави соучесник на Грција и подеднаков виновник за овој геноциден акт против Македонија и против Македонскиот народ.

Наместо еврокомесарот да се засрами од тоа што тие како Европска Унија извезуваат проблеми и се одговорни за овој спор, тој бесрамно порачува ние да сме го решиле спорот што тие го изродија. Трагикомично.

1 comment:

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СТОП НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА БИРОКРАТИЈА КОН МАКЕДОНИЈА!

6 декември 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, дека Европската Унија нема магично решение за државното име.

Македонците не очекуваат име од Европската Унија, името на македонската држава е Македонија, така било, така и ќе остане, Македонците очекуваат Брисел и Стразбур да го почитуваат основното право на самоидентификација и самоопределување на македонскиот народ и да престанат да стимулираат и симулираат дестабилизација на една суверена нација и држава заради промена на нејзиното државно име Македонија!

СМК бара европската бирократија да престане да извезува кризи и да го штити наци-фашизмот на Атина и Софија кон Македонија!

Македонците го отфрлаат пристапувањето на нивната држава Македонија во сојуз со Европската Унија, доколку грчкиот геноцид врз македонскиот народ, антимакедонизмот на Хеленската Република и наци-фашистичкото барање на Елада за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!

Иако по меѓународно право се единствен носител на државното име Македонија, Македонците, макар и еднострано, декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, што претставува највисок стандард на политика на добрососедство.

Истовремено, Македонците изразуваат жалење од однесувањето на европската бирократија која преку Лисабонската декларација и наци-фашистичкото барање на Елада за промена на државното име Македонија поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост, промовира нетолеранција и некоегзистенција, и стимулира дестабилизација и војна!