Од уредникот:
Почитувани читатели,
Два дена по големиот македонски празник Илинден, чест и задоволство ни е да Ви го претставиме првиот број на електронското некомерцијално списание „Македонска ризница.“
Списанието пред сѐ ќе биде наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес.
Ќе биде одвоен простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности кои што намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите.
Во овој прв број на „Македонска Ризница“ ќе можете да прочитате за македонските премиери со потекло од градот Штип и интервју за македонскиот јазик со еден хрватски лингвист, да погледнете два кратки стрипа и неколку разгледници од Скопје после земјотресот, а преку фотографија и текст ќе Ве пренесеме и на собирите во Разловци и Овчарани.
Секако главната тема на бројот е големиот македонски празник – Илинден.
No comments:
Post a Comment