Две цилиндрични фотографии (А.С.) од 360 степени, направени на 3. август 2012 година, во црквата „Св. пророк Илија“ во Дојран:
Church Sv. Ilija, Dojran, Macedonia in Europe
Church Sv. Ilija, Dojran, Macedonia in Europe
Church Sv. Ilija, Dojran, Macedonia in Europe
Church Sv. Ilija, Dojran, Macedonia in Europe
Црквата „Св. пророк Илија“ во Дојран (Стар Дојран) е изградена во 1848 година со средства собрани од доброволните прилози од дојранските верници.* Главниот архитект на оваа црква бил Ѓорѓе Новаков од село Папрадиште - Велешко.*
Црквата е со димензии 30 метри должина, 20 метри ширина и 10 метри висина.* Нејзината површина изнесува 600 метри квадратни и на двата ката собирала и до 600 верници.*
За време на Првата светска војна при бомбардирање** во 1916 година црквата е запалена и разрушена.* Со нејзина реконструкција започнато е во 2003 година*** и таа сè уште трае. Се очекува црквата целосно да биде возобновена во 2016 година** на стогодишнината од нејзиното разрушување.
Црквата може да се види и на грбот на општина Дојран.
* Дојран инфо
** Вечер
*** МПЦ-ОА
No comments:
Post a Comment