Георгиевски својата книга ја промовираше како исправка на фалсификатите кои се правеле во Македонија:
И без никакви докази ги обвини Македонците дека биле најголеми фалсификатори на Балканот:
Ова тврдење на Георгиевски го искористија грчките медиуми за да ѝ нанесат штета на Македонија:
Георгиевски не е историчар за неговото мислење да биде релевантно, но како бивш премиер на земјава, со ваквите негови испади, тој прави огромна штета на Македонија. Во една негова колумна, Георгиевски објаснува зошто треба да се откажеме од дел од нашата историја:
Обрнете внимание, Георгиевски не вели дека треба да го заборавиме нашето древно минато затоа што со него немаме никаква поврзаност, туку затоа што според него, демек тоа политички ја загрозувало Македонија. Зарем треба да ја менуваме историјата поради политички причини?
Љубчо Георгиевски, кој ги обвини Македонците дека се најголеми фалсификатори на Балканот, сега ги повикува истите тие Македонци поради некакви си политички причини да извршат фалсификат на сопствената историја. Ваквиот случај може да се смета за дефиниција за абсурд.
„Првата автобиографија, насловена „Тоа сум јас“, на Љубчо Георгиевски денеска ја претстави како израз на политичка култура, но и своевидна исправка на фалсификувањето на историските факти кои според него се случуваат во последниве години.“ - „Георгиевски: Автобиографијата e исправка на фалсификуваната историја“, А1ON
И без никакви докази ги обвини Македонците дека биле најголеми фалсификатори на Балканот:
„Наместо осуда за грчката политика, Љубчо Георгиевски, излегува со антимакедонски став и изјавува дека Македонците се најголеми фалсификатори на историјата на Балканот.“ - Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 4 јули 2012
Ова тврдење на Георгиевски го искористија грчките медиуми за да ѝ нанесат штета на Македонија:
„Грчкиот „Елефтерос Типос“ вчера објави текст во кој, базирано на изјавите на екс премиерот Георгиевски, се наведува дека „Во ФИРОМ се фалсификува историијата“.
-Последните години бевме бомбардирани со документарци во кои гледавме лажни херои и со книги со фалсификувана историја која што се базира на лажни факти. Мојата автобиографија не содржи такво нешто, вели Георгиевски во изјавата цитирана од грчкиот весник.
Во текстот се потенцира дека ова не е изјава на Грк, туку на екс премиер на Скопје.
Грчкиот медиум пишува и дека би било добро грчкото МНР да ги употреби изјавите на Георгиевски, за блокада на Македонија во ЕУ и НАТО“ - „Македонците се најголеми фалсификатори на историјата“ , Иди види (извор МИА, 06.07.2012 година).
Георгиевски не е историчар за неговото мислење да биде релевантно, но како бивш премиер на земјава, со ваквите негови испади, тој прави огромна штета на Македонија. Во една негова колумна, Георгиевски објаснува зошто треба да се откажеме од дел од нашата историја:
„Но дали македонската етногенеза треба да ја бараме во Античка Македонија? Категорично сум против! Зошто? Најпрвин, затоа што актуелно политички ја загрозува државата.“ - Љубчо Георгиевски „За внуците на Аминта“, Фокус, 27 март 2009 година.
Обрнете внимание, Георгиевски не вели дека треба да го заборавиме нашето древно минато затоа што со него немаме никаква поврзаност, туку затоа што според него, демек тоа политички ја загрозувало Македонија. Зарем треба да ја менуваме историјата поради политички причини?
Љубчо Георгиевски, кој ги обвини Македонците дека се најголеми фалсификатори на Балканот, сега ги повикува истите тие Македонци поради некакви си политички причини да извршат фалсификат на сопствената историја. Ваквиот случај може да се смета за дефиниција за абсурд.
No comments:
Post a Comment