Sunday, March 04, 2012

Blogirame - македонски блог агрегатор

Во овој напис би сакал да го промовирам македонскиот блог агрегатор Blogirame.mk, кој што се надевам дека ќе придонесе за проширување на културата на блогирање во Македонија и за зголемување на читаноста на македонските блогери.

За овој нов македонски блог агрегатор разбрав пред неколку дена од авторот на блогот L'Art Pour L'Art, а колку што забележав за него прв известил блогерот Pipo:

Велат дека сонот кога тогаш се остварува ако искрено се верува во него… пред две години започнав со страницава со доза на скептицизам и неразбирање од блогерите за идејата и крајната цел и намена. Времето покажа дека бев во право… рамо до рамо ја протуркавме идејата со Краљ...

Туторијал за блог агрегаторот можете да најдете на блогот Аеродромски сон:

Односно нема многу да ве гњавам што и како, туку ќе ви кажам дека е тоа агрегатор на блогови, замислата е на едно место да ги имаме сите блогови, со цел полесно да се стигнува до тие содржини. Доколку сакате да го пријавите, пријавувањето оди лесно и едноставно потребно е да се даде меил за контакт и адресата на вашиот блог и нормално да се согласите со фамозниот блогерски манифест. Копчето доколку не сте го приметиле се наоѓа моментално долу лево на страницата...

Во моментов овој блог агрегатор обединува 172 блога, а нивниот број се очекува и понатаму да се расте.

Поводот ќе го искористам за да потсетам на еден постар македонскиот блог агрегатор - Macedonian Blogs, на кој што моментално се застапени 157 македонски блогови.

Исто така би ја спомнал и ранг листата Macedonian Top Blogs која брои околу 50 македонски блогови, како и агрегаторот на е-содржини, меѓу кои и блог написи - Ping.mk.

За жал веќе не постои блог агрегаторот Digimak, како и Mak Top Blogs.

*Двете слики се изработени од авторот на I,Macedonian со користење на постоечките логоа на блог агрегаторите.

No comments: