Tuesday, March 06, 2012

Китино кале

Преку оваа статија сакам да дадам скромен придонес за остварување на крајната цел на иницијативата за реставрација на тврдината Китино Кале во Кичево:

Досега немало никакви археолошки ископувања спроведени на тлото на кое некогаш постоела. Сите наоди се случајни, како и оние наоди во самиот денешен град до кои најчесто се доаѓа со изградба на некои нови објекти при што истите и се уништуваат. Веројатно овој простор крие најмалку 2 цркви, а во неговото подножје се наоѓаат стари гробишта уште од предхристијанскиот период. Најстарите остатоци датираат од пред 4000 години, а уништена е за време на османлиското владеење по краткотрајното отцепување на турски великодостојник од султанската власт во Истанбул.

Верувам дека позитивниот изход на оваа иницијатива ќе биде во општ интерес на сите граѓани на Македонија, пред сè на оние од Кичево и од околните места, без оглед на нивната верска и етничка припадност:

Обновата на тврдината ќе значи зачувување на културното наследство и идентитетот на Кичево, од наодите би се направила голема музејска збирка, а новиот простор ќе биде туристичка атракција и место на бројни културни збиднувања.

Кој може да ја изврши реставрација:

Реставрацијата може да ја изврши Министерството за култура на Република Македонија, Заводот за заштита на споменици на културата во соработка со кичевскиот музеј.

За контакт со креаторот на иницијативата пишете на: kitinokale(ат)gmail.com

Хипотетички изглед на некогашната тврдина. Нацртал Златко Цветкоски

Тврдина Китино кале (запад-исток)






Тврдина Китино кале, гледано од Илиница (исток-запад)








Тврдина Китино кале (југ-север)








No comments: