Showing posts with label Авиони. Show all posts
Showing posts with label Авиони. Show all posts

Monday, May 19, 2014

F-22 Raptor.

Документарен филм за американскиот борбен авион F-22 Raptor.

„F-22 Raptor е американски суперманеварски борбен авион од петтата генерација, кој што користи стелт технологија“, Wikipedia.


Friday, May 02, 2014

F-35 Lightning II

Два документарни филмови за новиот американски борбен авион F-35 Lightning II: 

„F-35 Lightning II е семејство на повеќенаменски борбени авиони, едноседи со еден мотор, од петтата генерација“, Wikipedia.



Thursday, April 24, 2014

МиГ-29

Два документарни филма за прочуениот советски и руски борбен авион МиГ-29.



„МиГ-29 (Фулкрум) е советски борбен авион од четвртата генерација, развиен во седумдесетите години на минатиот век како ловец со врвни перформанси. МиГ-29 влегува во употреба во 1983 година“, Wikipedia.




Sunday, May 26, 2013

Messerschmitt Me-262

MESSERSCHMITT МE - 262 БЕШЕ ПРВИОТ МЛАЗЕН, СЕРИСКИ, БОРБЕН АВИОН ВО СВЕТОТ. СИГУРНО, НЕГОВАТА СЛАВА ЌЕ ТРАЕШЕ ПОДОЛГО АКО ХИТЛЕР НЕ ЈА НАПРАВЕШЕ СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА.


Пред почетокот на Втората светска војна, било посветено малку внимание на изработката авиони со реактивен погон. Со оваа проблематика единствено се занимавал британскиот научник Френк Витли, кој го направил млазниот мотор, но тоа не предизвикало никаков интерес во британската јавност, ниту пак во „Министерството за војна“ на Кралството. Во 1938 година, достигнувањата на германските воени научници во изработката на реактивни мотори го „разбудиле“ интересот за авионите, односно борбени средства кои би ги поседувале овие мотори. По наредба на „Trupennamt“ - врвната хитлерова стратегиска команда, бил формиран отсек на Министерството за воздухопловство за конструирање на авиони со алтернативни видови придвижувачи (мотори). На чело на овој отсек биле наименувани врвни германски конструктори, меѓу кои најзначајни биле Ханс Анц и Рудолф Сајц. Тие биле најодговорни за бројните иновации во конструирањето и подобрувањето на авионските конструкции и реактивните мотори кои тие би ги користеле.

Договорите склучени со фабриката „Messerschmitt“, за изработка на нови борбени авиони за германското воздухопловство, довеле до предокот „1065“ кој бил завршен во јуни 1939 година. Бил наречен: „Messerschmitt Ме - 262 Storm Berd“ (германски: гром - птица).

ПРВИОТ МЛАЗНИК

Во почетокот била изработена макета на авионот во природна големина, која претставниците на Министерството ја испитале на 1 март 1940 година. Било решено млазните мотори, кои се уште биле во фаза на усовршување, да се тестираат на двомоторниот ноќен ловец, Messerschmitt Вf-110, по што би се вградиле на вториот прототип од Messerschmitt Ме-262. Првиот прототип полетал на 18 април 1941 година, но како погон ги користел клипните мотори Junkers Jumo 210 G од 1200 КЅ. Конечно, првиот лет со млазни мотори, од типот Junkers Jumo 004 А, бил извршен на 18 јуни 1942 година, по што биле порачани 45 авиони од првата серија на ловец пресретнувач.

Испитувањата на авионот за германското „Luftwaffe“, сепак, не поминале без проблеми. Во еден од првите летови, Messerschmitt Ме-262 V3 се срушил при полетувањето и притоа загинал пробниот пилот, капетанот Остертаг. Но, тестирањето на Messerschmitt Ме-262 продолжило. На тестирањето на четвртиот прототип Ме-262 V4 присуствувала и легендата на германското воено воздухопловство, пилотот Алфред Галанд. Фасциниран од перформансите на новиот ловец, Галанд, со својот углед на еден од најдобрите воздушни „асови“, во министерството за воздухопловство се обидел да влијае на одлуките на истото и да се „избори“ за масовно производство на овој ловец. Меѓутоа, Галанд не бил поугледен и помоќен од творецот на Третиот рајх. „Сакам бомбардери! Дајте ми бомбардери! Сакам небото над Европа да се затемни од нашите бомбардери" - биле последните зборови на Хитлер.

Германските пилоти и командантот на, „Luftwaffe“, Херман Геринг, се обиделе да го разубедат од намерата да го пренамени овој одличен ловец во бомбардер, но Фирерот останал „глув“ на нивните барања.

Ме - 262 бил двомоторен едноседе и авион, кој постигнувал максимална брзина од 850 km/h, долет од 1500 km и максимална височина до 13.000 метри - перформанси кои за тоа време биле незамисливи и невозможии. Борбениот комплет го сочинувале 2топа oerlikon FF - 265/3 од 201 mm калибар или 4 митралези од 7.9 mm калибар. Во верзијата на ноќен двоседен ловец, бил опремен со радарски нишан. За специјални задачи како противоклопен јуришник, во предниот дел поседувал против тенковски топ од 50 mm калибар(!) и две бомби од 800 килограми.

Но, Ме-262 никако ие можел да стане бомбардер кој ќе ги одмазди бомбардирањата врз Германија. Бомбардерските единици составени од овие авиони не извршиле ниту една успешна акција против сојузниците. Биле изгубени искусни и прекалени пилоти, кои на новите ловци би можеле да ја сменат ситуацијата во војната, во која Германија жнеела само порази.

КРАЈОТ НА ВОЈНАТА

Единствената борбена единица која кон крајот на 1944 година се спротивставила на наредбите на Хитлер бил т.н. полк „Новотни“. Пилотите на овој полк тајно ги игнорирале наредбите на Хитлер и со своите авиони Ме-262 ги напаѓале сојузничките бомбардери. Со тоа, колку толку, во последните денови на Рајхот ја зацврстувале одбраната на германското небо.

Како пример за тоа што можел да направи овој авион во воздухот, ќе го споменеме билансот од една од неговите последни битки: во еден противвоздушен напад на една сојузничка формација од бомбардери кои летале кон Берлин, во април 1945 година, 15 авиони Ме-262 уништиле 68 од вкупно 126 американски бомбардери, при што изгубиле само З авиони!

П. Симеонов (И.З.)

Tuesday, April 30, 2013

Messerschmitt Bf-109

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ MESSERSCHMITT ВF - 109 - ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ БОРБЕНИ АВИОНИ, КОЈ ГЕРМАНСКОТО ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО - LUFTWAFFE ГО КОРИСТЕШЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА.


Германскиот коиструктор на авиони Willy Messerschmitt, во далечната 1933 годииа, во соработка со сонародникот Hans Mauh, го започна конструирањето на борбен авион кој ќе биде целосно изработен од метал. Дотогаш се конструираа авиони изработени само од дрвени елементи, додека мал беше бројот на оние конструктори кои се решаваа да конструираат авиони целосно изработени од метал. Новиот германски борбен авион беше наречен Messerschmitt Bf-109. Својот прв лет, Bf-109 го изврши на 12 септември 1935 година и веднаш беше нарачано сериско производство за потребите на новото германско воено воздухопловство.

Своето прво воено крштевање, Messerschmitt Bf-109 го имаше во шпанската граѓанска војна, каде дејствуваше во составот иа военото воздухопловство на Франковата армија. Со помош на овој авион и уште миогу други, претежно бомбардери, добиени како помош од нацистичка Германија, Франко ги порази републиканските сили и прогласи диктатура. Републиканските воздушни сили, во чиј состав имаше доброволци - пилоти од соседните земји, се соочија со овој одличен германски ловец и беа немоќни да му се спротивстават во воздухот. Беше очигледно дека сите земји во светот заостануваат во квалитетот на своите борбени авиони зад Германија.

УБИЕЦ ВО ВОЗДУХОТ

Главната причииа што Messerschmitt Bf-109 беше наречен „убиец во воздухот“ не беа неговите скромни ловечки перформанси, туку неговото моќно оружје со кое можеа успешно да се напаѓаат и цели на земјата. Веднаш пред кабината на пилотот беа сместени два митралези Reisen Metal - Bor Sig MG -17, со 7,92 mm калибар. Тоа вооружуваље беше доволно моќно и прецизно за уништување на цели во воздухот. Но, ако згора на тоа се додадат и четирите топа Oerlikon FF, 2 од 20 mm и 2 од 30 mm калибар, сместени во неговите крила, тоа навистина беше премиогу за еден лесен ловец.

Авионот беше едномоторен и го користеше 12 - цилиндричниот мотор Daimler Benz DB - 601 со моќност од 1472 kW (2000 коњски сили). Неговата максимална брзина изнесуваше 570 km/h, 750 km/h при понирање, а крстосувачката брзина изнесуваше 338 km/h. 1835 kg тешкиот Messerschmitt можеше да се издигне до најголема височина од 11.000 метри и да прелета растојание од 1350 km. Со овие перформаиси, Messerschmitt Bf-109 не ќе можеше да го дочека ни крајот на војната, ако не поседуваше толку моќно вооружување, бидејќи на воздушните фронтови се појавуваа се побрзи и маневарски посупериорни сојузнички авиони. Со овој авион се прославија безброј германски воздушни асови, според бројот на уништени авиони, меѓу кои и најпознатиот - полковникот Галанд, кој до крајот на војната пилотираше на својот Bf-109 E „Emil“.

Интересно е да се спомене дека германскиот воен врв планираше до1941 годинада се изгради носач на авиони, наречен „Граф Цепелин“, наменет како засилување на германската морнарица во Атлантикот. Меѓу авионите наменети за овој носач беше и Messerschmitt Bf-109 K („Kurz“ - краток), од кој беа изработени 24 примероци. Меѓутоа, носачот „Граф Цепелин“ не го дочека своето воено крштевање. Неговата изградба беше постојано одложувана поради изградбата на други поважни бродови за германската морнарица, па така и Messerschmitt Вf-109 К никогаш не полета од некој носач на авиони.

ПО ВОЈНАТА

Messerschmitt Вf - 109 пепрестана да лета ни по завршувањето на Втората светска војна и поразот на германската армија. Нeговитe авиони уште долго беа користени во воздухопловствата на новоформираните држави. Некои земји, како на пример Чехословачка со авионот Сѕ - 109/199, дури и ја употребуваа неговата конструкција за изработка на тренажни и ловечки авиони за потребите на своите воздухопловства. Легендарниот Messerschmitt Вf- 109 се уште лета на небото, но како сопственост на богатiте колекционери и ги враќа сеќавањата на славните денови на неговата супериорност и непобедливост.

П. Симеонов (И.З.)