Sunday, May 26, 2013

Messerschmitt Me-262

MESSERSCHMITT МE - 262 БЕШЕ ПРВИОТ МЛАЗЕН, СЕРИСКИ, БОРБЕН АВИОН ВО СВЕТОТ. СИГУРНО, НЕГОВАТА СЛАВА ЌЕ ТРАЕШЕ ПОДОЛГО АКО ХИТЛЕР НЕ ЈА НАПРАВЕШЕ СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА.


Пред почетокот на Втората светска војна, било посветено малку внимание на изработката авиони со реактивен погон. Со оваа проблематика единствено се занимавал британскиот научник Френк Витли, кој го направил млазниот мотор, но тоа не предизвикало никаков интерес во британската јавност, ниту пак во „Министерството за војна“ на Кралството. Во 1938 година, достигнувањата на германските воени научници во изработката на реактивни мотори го „разбудиле“ интересот за авионите, односно борбени средства кои би ги поседувале овие мотори. По наредба на „Trupennamt“ - врвната хитлерова стратегиска команда, бил формиран отсек на Министерството за воздухопловство за конструирање на авиони со алтернативни видови придвижувачи (мотори). На чело на овој отсек биле наименувани врвни германски конструктори, меѓу кои најзначајни биле Ханс Анц и Рудолф Сајц. Тие биле најодговорни за бројните иновации во конструирањето и подобрувањето на авионските конструкции и реактивните мотори кои тие би ги користеле.

Договорите склучени со фабриката „Messerschmitt“, за изработка на нови борбени авиони за германското воздухопловство, довеле до предокот „1065“ кој бил завршен во јуни 1939 година. Бил наречен: „Messerschmitt Ме - 262 Storm Berd“ (германски: гром - птица).

ПРВИОТ МЛАЗНИК

Во почетокот била изработена макета на авионот во природна големина, која претставниците на Министерството ја испитале на 1 март 1940 година. Било решено млазните мотори, кои се уште биле во фаза на усовршување, да се тестираат на двомоторниот ноќен ловец, Messerschmitt Вf-110, по што би се вградиле на вториот прототип од Messerschmitt Ме-262. Првиот прототип полетал на 18 април 1941 година, но како погон ги користел клипните мотори Junkers Jumo 210 G од 1200 КЅ. Конечно, првиот лет со млазни мотори, од типот Junkers Jumo 004 А, бил извршен на 18 јуни 1942 година, по што биле порачани 45 авиони од првата серија на ловец пресретнувач.

Испитувањата на авионот за германското „Luftwaffe“, сепак, не поминале без проблеми. Во еден од првите летови, Messerschmitt Ме-262 V3 се срушил при полетувањето и притоа загинал пробниот пилот, капетанот Остертаг. Но, тестирањето на Messerschmitt Ме-262 продолжило. На тестирањето на четвртиот прототип Ме-262 V4 присуствувала и легендата на германското воено воздухопловство, пилотот Алфред Галанд. Фасциниран од перформансите на новиот ловец, Галанд, со својот углед на еден од најдобрите воздушни „асови“, во министерството за воздухопловство се обидел да влијае на одлуките на истото и да се „избори“ за масовно производство на овој ловец. Меѓутоа, Галанд не бил поугледен и помоќен од творецот на Третиот рајх. „Сакам бомбардери! Дајте ми бомбардери! Сакам небото над Европа да се затемни од нашите бомбардери" - биле последните зборови на Хитлер.

Германските пилоти и командантот на, „Luftwaffe“, Херман Геринг, се обиделе да го разубедат од намерата да го пренамени овој одличен ловец во бомбардер, но Фирерот останал „глув“ на нивните барања.

Ме - 262 бил двомоторен едноседе и авион, кој постигнувал максимална брзина од 850 km/h, долет од 1500 km и максимална височина до 13.000 метри - перформанси кои за тоа време биле незамисливи и невозможии. Борбениот комплет го сочинувале 2топа oerlikon FF - 265/3 од 201 mm калибар или 4 митралези од 7.9 mm калибар. Во верзијата на ноќен двоседен ловец, бил опремен со радарски нишан. За специјални задачи како противоклопен јуришник, во предниот дел поседувал против тенковски топ од 50 mm калибар(!) и две бомби од 800 килограми.

Но, Ме-262 никако ие можел да стане бомбардер кој ќе ги одмазди бомбардирањата врз Германија. Бомбардерските единици составени од овие авиони не извршиле ниту една успешна акција против сојузниците. Биле изгубени искусни и прекалени пилоти, кои на новите ловци би можеле да ја сменат ситуацијата во војната, во која Германија жнеела само порази.

КРАЈОТ НА ВОЈНАТА

Единствената борбена единица која кон крајот на 1944 година се спротивставила на наредбите на Хитлер бил т.н. полк „Новотни“. Пилотите на овој полк тајно ги игнорирале наредбите на Хитлер и со своите авиони Ме-262 ги напаѓале сојузничките бомбардери. Со тоа, колку толку, во последните денови на Рајхот ја зацврстувале одбраната на германското небо.

Како пример за тоа што можел да направи овој авион во воздухот, ќе го споменеме билансот од една од неговите последни битки: во еден противвоздушен напад на една сојузничка формација од бомбардери кои летале кон Берлин, во април 1945 година, 15 авиони Ме-262 уништиле 68 од вкупно 126 американски бомбардери, при што изгубиле само З авиони!

П. Симеонов (И.З.)

No comments: