Tuesday, April 28, 2015

Content warning

Ете и тоа се случи, по над шест години блогирање и околу 1400 објавени написи, некој, со малициозна намера да го снема од Интернет, ми го наклеветил блогот кај Google. И тоа се случи непосредно откако го објавив кусиот информативен напис за, во тоа време, престојниот референдум за ГТЦ во општина Центар.


Би сакал да напоменам дека блогот Интернет Македонец не нарушува ниедно правило на Google. Ниту има порнографски материјал, ниту пак повикува на насилство или поттикнува расна, национална, полова или каква и да е дискриминација. Па сепак поради многуте злонамерни клевети (пријавувања), пред да го посетите овој блог, отсега ќе ви се појавува страница која што, поради истите тие клеветите, ве предупредува за содржината на блогот, а како би пристапиле на истиот треба да потврдите.

Не би можел да тврдам кои го имаат наклеветено блогот, иако имам сомнеж за одредени личности. Но и без тоа прилично симптоматично е дека тоа се случува непосредно по објавувањето на написот за референдумот во центар за ГТЦ, кој што беше бојкотиран од владејачката партија. Се чини дека со ова индиректно се потврдува дека не само што го бојкотираа пасивно туку дека тоа го правеа и активно на секој можен начин, дури и со нешто тривијално како клеветење на блогови.

Вистински демократи. Нека им е честита победата над слободата на говорот.

No comments: