На шести декември, на порталот „Доказ“ беше објавен напис во кој што се тврди дека предлогот за нов грб на Република Македонија е всушност стариот грб на албанскиот град Драч.
„Новиот државен Грб е всушност стариот грб на градот Драч во Албанија
На владата изгледа не и е доволно позната хералдиката па нити можеле да ја консултираат пред да го донесат новиот државен грб на Македонија кој хералдички е ист со оној стариот на градот Драч во Република Албанија.Несмасно круната е заменета со топови или кули што хералдички претставува малку за да имаме нов оригинален грб на Македонија туку е копија позната во хералдиката и е грб од Република Албанија оној на градот Драч
Нашата редакција доби копија од хералдичар од Република Албанија каде е опишан стариот грб на градот Драч и е заведен како грб кои се употебувал во овој град се до почетокот на втората светска војна.
Дали овој грб е во договор со Али Ахмети или пак во Вмро-Дпмне не ја консултирале хералидката треба лично да се изјаснат министрите кои го поставија новиот грб на јавните мрежи.“[1]
Всушност вистината е поинаква. Од Владата не само што консултирале, туку и самиот грб е изработен од хералдичари, поточно од Македонското Хералдичко Здружение. Од таму пак децидни се дека предлог грбот е базиран на традицијата на грбови поврзани со Македонија.
Предлогот за нов грб на Република Македонија |
„Предлогот за грб на Република Македонија е базиран на традицијата на грбови поврзани со Македонија, почнувајќи од илустрациите на Вилем Верланд (+1481) и грбовникот на Жером де Бара од 1581 год., кој преку Стематографиите на Витезовиќ (1694) и Жефаровиќ (1741), ќе стане и земски грб на Македонија.
Во европските грбовници најконзистентна претстава е црвениот лав на златно поле. Најпознати претстави од него се дадени во грбовниците на Жером де Бара (1581 год.) и Жан Робен (1639 год.), кои претходат на илирските и потекнуваат од европски земји со развиена хералдичка традиција.“[2]
Ако се погледне припишаниот грб на Александар Велики (Александар III Македонски) од грбовникот на Жером де Бара и се спореди со предлогот за нов грб на Република Македонија ќе се види поврзаноста, односно дека станува збор за безмалку истиот грб. Исто така и инспирацијата за емблазонот на предлогот за нов грб на Република Македонија е повеќе од очигледна.
Припишан грб на Александар Велики од грбовникот на Жером де Бара (1581 год.) |
Имено поради ова инсистирав на споделување пред пошироката македонска јавност, а не на криење, дека предлогот за нов грб на Република Македонија е правен според припишан грб на Александар Велики.[3]
[1]„Mајко моја, дали е вистина? Новиот државен Грб е всушност стариот грб на градот Драч во Албанија“, Доказ, 6 декември 2014
[2] „Владата го усвои предлогот за нов грб на Р. Македонија“, Македонското Хералдичко Здружение, 6 декември 2014
[3] „Предлог грбот на Република Македонија правен според припишан грб на Александар Велики“, Интернет Македонец, декември 2014
No comments:
Post a Comment