Wednesday, November 05, 2014

Мрак хумор тишина - промоција

Промоција на стрип албумот „Мрак хумор тишина“, 7 ноември, 20:00 часот, Кафе Ли, Скопје.
 

Надополнето:

Промоција на стрипот „Мрак Хумор Тишина“ во Охрид: „...Стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“ е заеднички проект на сценаристот охриѓанецот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов од Виница. Станува збор за своевидна антологија во која на 68 страници се вклучени кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот. Андреј Манев има свој удел во стрипот, заедно со уметниците Весна Ничевска Саравинова и Игор Јовчевски, колористот Стефан Коцевски и сценаристот Александар Стеванов...“

No comments: