Sunday, November 16, 2014

Во Македонија имало стрип?!

Би сакал да ви препорачам да ја прочитате колумната „Во Македонија имало стрип?!“, посветена на неодамна промовираниот стрип албум „Војдан“ на авторот Диме Иванов - Димано, еден од доајените на македонскиот стрип.


„...по завршување на официјалниот дел, успеав меѓу првите ако не и прв од присутните таму да земам потпис од Димано. Не можам да ви го опишам чувството, во моментот кога се најдов лице во лице со великанот. Кога ме праша за кого да ја напише посветата, морници ме полазија, тие две три реченици кои ги разменивме мислам дека ќе ги паметам засекогаш. Зарем има нешто поубаво од тоа да запознаеш еден легендарен автор, автор кој дал голем допринос во стрипот, кај нас во Македонија а и пошироко на територијата на поранешна Југославија. Автор кој позади себе има историја, историја која и тој ја создавал со големите мајстори на стрипот. Нема збор, кој може да го опише тоа...“

За повеќе - клик!

No comments: