Доколку досега ја немате посетено, ве поканувам да ја посетите веб страницата (www.acosopov.com) посветена на Ацо Шопов „еден од основоположниците на современата македонска поезија кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век“.
Ни исток имаш, црно сонце, ни имаш запад,
ни небо за молитва ни земја за напад.
И секој што ќе посака да ти се напие од сјајот
изгнаник е од пеколот и изгнаник од рајот.
Тревите се веднат, дрвејто трчаат боси
пред твојот цвет што гори и црна пепел носи.
Црно сонце, птицо преправена во ѕвезда,
кој мисли дека те сфатил не знае што е бездна.
Црно сонце, црно без исток и запад,
црно сонце за жедни на брегот што ќе стапат.

Ацо Шопов (Црно сонце)
- За да ја посетите веб страницата - клик
- За повеќе инфо - клик! (Република): „...Лирскиот дом на Ацо Шопов’ е виртуелен простор во којшто отсега ќе живее поезијата на татко ми, нејзините препеви, нејзините аудио-визуелни интерпретации, оствртите кон неговото творештво, како и споменот за него – изјави Шопова...“
No comments:
Post a Comment