На почетокот на 2001 година, сосема случајно и непланирно од моја страна се најдов на гратис групна туристичка посета на Романија. Баш во тој период започнаа терористичките напади во Македонија причинети од ордите на ОВК.
При организираната автобуска тура низ главниот град на Романија, Букурешт, кога стигнавме до објектот на романскиот парламент не пречекаа војници (или полицајци) вооружени до заби. На нив имаа панцири, на главите - шлемови, а во рацете држеа автоматско оружје. Причината поради која војниците беа распоредени пред објектот на парламентот, колку што разбравме, била поради најавени масовни протести.
Никој од нас не мислеше оти ќе нè пуштат да слеземе од автобусот и дека зад поставените барикади, ќе ни дозволат во нивна непосредна близина да се размавтуваме со нашите фотоапарати. Сепак на наше изненадување кога разбраа дека сме туристи дојдени од Македонија се согласија да се симнеме на кратко.
По претходно договореното десетминутно фото-сафари време беше за повторно враќање во автобусот. Пред да тргнеме кон следната дестинација од туристичката обиколка на Букурешт, еден романски војник се стрчна кон нас. Помисливме дека има некаков проблем, од човек во целосна воена опрема што друго можевме да очекуваме.
Возачот му ја отвори вратата, беше тоа млад човек на околу 25 години. Му кажа нешто на водичот на турата, на за нас неразбирливиот романски јазик. Потоа нè изгледа сите со некаква чудна искреност во очите и си излезе.
Веќе откако автобусот беше тргнат кон нова дестинација, водичот ни каже дека младиот војник во името на сите романски војници кои беа собрани таму ни испратил порака со надеж и желба дека на конфликтот во Македонија ќе му се стави крај. За жал наместо тоа, кога се вративме во Македонија, конфликтот дури и се разгоре.

No comments:
Post a Comment