Аман веќе од текстови објавени на портали, (пре)пишувани само и само за да се привлече некој клик повеќе, без притоа да се размисли за она за што се пишува.
Токму таков е написот „Девојки научете ја уметноста на заведувањето!“, објавен завчера (26 јули 2013) на порталот Револуција.
Во преземениот текст (Az-jenata) преведен на македонски јазик пишува:
„Уметноста на заведувањето секогаш се крие во визуелното, па ставете прекрасен парфем на вас...“
За оние што не знаат еве ја дефиницијата за визуелно:
визуелниВид збор: ПридавкаПримери: Слично со: видлив (прид.)Англиски: visual
За тоа колку визуелно (видливо) е нешто (како парфемот/мирисот) што не се забележува со очите, туку со сетилото за мирис, излишно е да се посочува.
No comments:
Post a Comment